7 прашања кои имаат моќ да ја зацврстат вашата љубовна врска

7 прашања кои имаат моќ да ја зацврстат вашата љубовна врска

Една од најголемите грешки кои можеме да ги направиме во врската е да не поставуваме доволно вистински прашања. Со поставувањето на овие прашања вие можете да откриете што точно му е потребно на вашиот партнер, како и што тој/таа сака од вас и вашето време поминато заедно…

7 прашања кои имаат моќ да ја зацврстат вашата љубовна врска

Кога заглавуваме во секојдневните активности, дури и паровите со најдобри комуникациски вештини забораваат да го прашаат својот партнер што тој/таа сака или има потреба да направи. Токму затоа доколку повеќе ги поставувате овие прашања, вие со сигурност ќе ја подобрите и вашата врска…

1. „Како можам да ти помогнам во моментов?“

Доколку имате малку слободно време, зошто да не му ги понудите овие слободни минути на вашиот партнер? Повеќето луѓе постојано имаат многу работа, па токму затоа не би им пречело доколку уште еден пар раце би можеле да им помогнат. Тој/таа не само што побрзо ќе ги заврши своите обврски, туку вие ќе поминете повеќе квалитетно време заедно.

2. „Како можам да ти покажам дека те сакам?“

Повеќето парови се многу добри при изразување на овие две зборчиња, но делата понекогаш зборуваат погласно. Можеби вашиот партнер ќе побара од вас бакнеж или пак, помош во кујната. Без разлика на неговото/нејзиното барање, вашата понуда за изјавување љубов ќе направи тој/таа да се чувствува ценето.

3. „Постои ли едно „мало“ нешто што би сакал/а да го променам кај себе?“

Да, ова може да разгори некое жарче кое има потенцијал да се претвори во деликатен разговор, но со нагласување на зборот „мало“ вие веднаш ќе го ставите акцентот на оние мали ситници и навики кои навистина со малку труд можат да бидат променети. Понекогаш ние несвесно правиме работи кои предизвикуваат нашиот партнер да се чувствува непријатно, но не доволно лошо за да ни каже. Со поставувањето на ова прашање вие можете да ги спречите овие мали непријатности со тек на време да преминат во голем проблем.

4. „Постои ли некое посебно место каде што би сакал/а да одиш?“

Можеби немате можност да отпатувате веднаш до Париз, но сепак би било одлично доколку можете да организирате патување во близина како подарок за вашиот партнер. Одберете место каде што тој/таа навистина би сакал/а да оди и направете план кој би можел да се вметне во вашиот распоред и финансиска состојба. Доколку во моментов можете да си дозволите повеќе, испланирајте голем одмор. Ова е одличен начин да повикате малку среќа и исчекување во вашата врска.

5. „Што е тоа што во нашиот заеднички живот те прави среќен/среќна?“

Ова прашање ќе предизвика вашиот партнер да размислува многу повеќе за сите оние нешта во кој тој/таа ужива во вашата врска. Со самото разговарање за среќните нешта во вашата врска, вие ќе се почувствувате поблиски и ќе ја зацврстите вашата поврзаност.

6. „Постои ли нешто што можам да го направам за да се почувствуваш повеќе сакано?“

Ова нежно прашање ќе го остави вашиот партнер без зборови, барем на еден момент. Но, дури и да имате одлична врска, тој/таа сигурно ќе може да пронајде нешто што би можело уште повеќе да ја зацврсти вашата врска.

7. „Има ли нешто што би сакал/а да го правиме заедно, но што не сме го правеле досега?“

Ова прашање ќе ви отвори нови возбудливи идеи и за двајцата. Вие можете да си играте со различни идеи сè додека не го најдете она што навистина ќе ве привлече. Не заборавајте дека правењето нови нешта со вашиот партнер секогаш ќе предизвикува да се чувствувате поблиски од кога било претходно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар