7 популарни комбинации на различни видови храна што го трујат вашето тело

Дури и детето знае дека ако комбинира грав со газирани пијалаци може да очекува несакани последици. Но, постојат и други комбинации на различни видови храна што можат лошо да влијаат на вашиот дигестивен систем, а некои од нив можат дури и да ве разболат. Во продолжение погледнете 7 од нив што треба веднаш да престанете да ги консумирате.

1. Сендвич и кафе

(1) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mk

Кога немаме многу време, сендвичот изгледа како одличен избор за појадок. Но ако го јадете со сирење и во комбинација со кафе, вие всушност ги уништувате сите хранливи состојки. Јаглехидратите од лебот го спречуваат правилното варење на калциумот и неговото добро влијание на нервите и кардиоваскуларниот систем. Исто така, ако на тоа додадете инстант кафе, целосно ќе ги изгубите здравствените придобивки.

Совет: Ако сакате сендвич со сирење, пијте чај наместо кафе.

2. Домат и краставица

(2) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mk

Оваа комбинација е една од најпопуларните за летна салата. Но, според последните истражувања, комбинацијата на доматот и краставицата може да ги наруши биохемиските патишта во организмот. Ова води до отекување и губење на витамините.

Совет: Јадете ги доматот и краставицата одвоено. На пример, денес направете салата од домати и зелен зеленчук, а следниот ден јадете салата со краставици.

3. Компир и месо

(3) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mk

Кој може да одолее на стек со помфрит? За жал, ова е уште една лоша комбинација. За да го сварите скробот потребни се алкални дигестивни течности, а за варењето на месото – кисели. Кога тие ќе се најдат истовремено во желудникот, доаѓа до низа проблеми, како болки, гасови, киселини…

Совет: Со местото комбинирајте зеленчук без скроб, како броколи, карфиол, боранија или тиква.

4. Тестенини и мелено месо

(4) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mk

Истото важи и за комбинациите со тестенини и месо. Плунката го претвора скробот од тестенините во шеќери, а кога тие ќе се прекријат со протеините од месото се создава опасна хемиска реакција што може да доведе до дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Совет: Нека тестенините бидат оброк без месо. Ако не ви се допаѓаат така, комбинирајте ги со растителни сосови.

5. Пиво и јаткасти плодови

(5) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mk

Ова е една од омилените комбинации на сите студенти, како и страсните спортски навивачи. Сите обожаваат да грицкаат јаткасти плодови додека пијат пиво, но оваа комбинација содржи премногу сол, ја зголемува дехидрацијата и води кон порачување уште едно пиво.

Совет: Кога консумирате алкохол зголемете го пиењето вода за да ја избегнете дехидрацијата.

6. Млеко и ананас

(6) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mk

Киселото овошје ја забавува работата на дигестивниот систем, особено наутро. Освен тоа, ананасот содржи и бромелин, комплекс ензими што можат да доведат до интоксикација кога се комбинира со млечни производи.

Совет: Наместо ананас, додајте суви кајсии или сливи во вашето млеко.

7. Млеко и банана

(7) 7-popularni-kombinacii-na-razlichni-vidovi-hrana-shto-go-trujat-vasheto-telo-www.kafepauza.mk

Оваа комбинација е особено популарна помеѓу следбениците на здравата исхрана бидејќи е хранлива и лесна за подготовка. Но, некои нутриционисти веруваат дека овошјето, особено она што е слатко, треба посебно да се консумира. Тоа подолго останува во телото и го забавува варењето, а кога е комбинирано со друга храна, ова уште повеќе се чувствува. Па, кога станува збор за пиење млеко, најдобро е да го пиете без ништо друго.

Совет: Бананата е најдобар избор за ужина помеѓу две главни јадења.

Добро е да ги знаете и овие 12 совети кои ќе ви помогнат да се спасите од труење со храна!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар