7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

Во животот сретнуваме многу духовни учители кои нè насочуваат по нашиот пат и ги предизвикуваат нашите верувања. Тие нè тераат да погледнеме над очигледното. Секое учење ни нуди вредна лекција и нов, свеж поглед кон животот. Запознајте неколку помалку познати духовни учители кои успешно шират светлина во темнината.

1. Дон Мигел Руиз

7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

„Само вие можете да го промените светот кој го создавате. А со промена на вашиот свет, ќе се промени целиот свет – тоа е Вистината која ќе ве ослободи.“

Комбинирајќи ја древната мудрост и новите увиди, идеите на Дон Руиз доаѓаат од луѓето од Јужно Мексико. Тој има големо влијание од учењето на Карлос Кастанеда и има напишано неколку книги. Овде спаѓаат „Четирите спогодби“ (The Four Agreements), „Умешноста на љубовта“ (The Mastery of Love), „Гласот на знаењето“ (The Voice of Knowledge), „Петтата спогодба“ (The Fifth Agreement) и уште неколку други. Едноставноста на неговото учење е извор на просветлување и аспирација.

Во книгата „Четирите спогодби“ тој зборува за спогодбите кои секоја личност мора да ги направи со себе за да постигне посвесна и ослободувачка состојба во животот.

1. Бидете беспрекорни со вашите зборови.

2. Ништо не сфаќајте лично.

3. Не правете претпоставки.

4. Секогаш давајте го најдоброто од себе.

Потоа, во книгата „Петтата спогодба“ додава уште една лекција за која сметал дека е важно да се научи:

5. Бидете скептични, но научете да слушате.

2. Клариса Пинкола Естес

7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

„Сите ние го започнуваме процесот пред да бидеме подготвени, пред да знаеме доволно, пред да сме доволно силни. Започнуваме дијалог со мислите и чувствата во нас. Одговараме пред да знаеме како да го зборуваме јазикот, пред да ги знаеме сите одговори, пред да знаеме со кого зборуваме.“

Некои од делата на Клариса се „Ослободи ја силната жена“ (Untie the Strong Woman), „Жени кои трчаат со волците“ (Women Who Run With the Wolves) и „Дарот на приказната“ (The Gift of Story).

Таа ги користи древните приказни на нејзините предци и ги прикажува како мудрост. Низ нејзините приказни, Клариса ги претставува вистините за нераскинливата врска на душата, и како да ја обновите. Таа нè учи дека вистинската жена е силна, интуитивна и полна со живот и креативност. Нејзините приказни го прикажуваат процесот на будење, лекување и следење на гласот на душата.

3. Бирон Кејти

7 помалку познати духовни учители ја споделуваат својата неверојатна мудрост

Бирон Кејти е автор и често зборува за методот кој таа го нарекува „Работата“. Додека минувала низ тежок период во нејзиниот живот, таа добила идеја која променила сè. Таа сфатила дека верувањето во нејзините мисли ја правело несреќна, и користејќи го методот на самоистражување го направила страдањето избор.

„Мислата не може да нè повреди сè додека не поверуваме во неа. Не се нашите мисли оние кои предизвикуваат страдање, туку нашата приврзаност кон нив. Приврзаноста значи дека верувате во мислата како вистинита. Верувањето е мисла кон која сме се приврзале, многу често со години.“

Во нејзината книга „Сакајќи го она што е: 4 прашања кои ќе ви го променат животот“ (Loving What is: Four Questions That Can Change Your Life), таа го претставува основниот рецепт со кој ќе ги промените вашите мисли и верувања:

1. Дали е вистина?

2. Како можете со сигурност да знаете дека е вистина?

3. Како реагирате, што се случува кога верувате во таа мисла?

4. Кои би биле без таа мисла?

Нејзината идеја е дека кога ќе ги поставите овие прашања за вашите негативни мисли ќе добиете поздрава перспектива. Нејзината порака е дека вашиот живот е во ваши раце. Ваш е изборот да страдате или да бидете среќни.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар