7 погрешни причини за стапување во брак

7 погрешни причини за стапување во брак

Летото е период на љубов и венчавки. Многуте покани за свадба што сте ги добиле може да ве натераат да паднете на искушение и непромислено да го кажете судбоносното „Да“. Можеби вашите намери се искрени, но тоа не е доволно за да успее бракот. Мора секојдневно да работите на вашата врска. Треба да си ги слушате меѓусебните потреби со партнерот и целосно да се прифатите такви какви што сте. Тешко е да се биде во брак, но уште потешко може да биде доколку се венчате од погрешни причини. Во продолжение дознајте за што станува збор…

7 погрешни причини за стапување во брак

1. Се плашите од осаменост

Сите ваши пријатели или се во сериозна врска или се во брак и вие чувствувате како да заостанувате. Токму затоа, вие ја прифаќате првата личност што ќе ви подари внимание за ваш партнер и почнувате да донесувате избрзани одлуки за кои подоцна може да зажалите.

2. Ја негувате идејата за вечна љубов само од романтични причини

Љубовните приказни завршуваат тогаш кога вљубените ќе ја изјават нивната љубов. Но, во вистинскиот живот, токму тогаш започнува целото патешествие. Мора да научите како да живеете заедно, да управувате со парите, да воспитувате деца, да ги поделите домашните обврски и да си го организирате времето. Ако на сето тоа ги додадете и грижата за себе, хобијата, сексот, интимноста и комуникацијата, ќе видите дека брачниот живот е многу покомплициран од она што се прикажува во книгите и филмовите.

3. Премногу сериозно ги сфаќате очекувањата на вашето семејство и пријатели

Во врска сте околу 6 месеци и луѓето почнуваат да претпоставуваат дека наскоро ќе заѕвонат вашите свадбени ѕвона. Нивните коментари ви ја всадуваат во глава идејата за брак и решавате да го преземете следниот чекор без да ги дознаете сите здодевни навики на вашиот партнер.

4. Постои само физичка привлечност

Секако дека хемијата во врската е многу важна, но тоа не е единствениот фактор што треба да го земете предвид. Мора да имате нешто друго заедничко покрај сексот. Не можете да имате секс 24 часа дневно до крајот на вашиот живот! Имајќи го тоа на ум, запрашајте се: „Дали сакам да спијам со овој човек?“. И потоа поставете си го следново прашање: „Дали сакам да се будам до овој човек до крајот на мојот живот?“

7 погрешни причини за стапување во брак

5. Биолошкиот часовник ви отчукува

Сакате деца, но сѐ уште не сте го нашле вашиот совршен партнер иако имате повеќе од 25 години. Тоа може да ве натера да се венчате со човек кој ви се допаѓа, но не го сакате вистински. Тоа значи дека вие се стапувате во брак поради децата, а не поради тоа што сакате да го поминете животот со тој човек.

6. Имате економски и правни причини

Некои луѓе размислуваат дека животот би им бил полесен од економска и правна гледна точка доколку се венчаат. Тоа им се случува на паровите кои водат заеднички бизнис или повеќе им се исплати да живеат заедно и да ги делат трошоците.

7. На идеална возраст сте за да стапите во брак

Сите ваши пријатели почнуваат да стапуваат во брак и вие чувствувате дека заостанувате. Вашите пријатели сакаат да бидете среќни и можно е да ви зборуваат колку е прекрасен бракот што ќе ве наведе да „рипнете во тавче“. Секако дека тие немаат намера да ви вршат притисок, но токму тоа се случува. Розовиот облак над младенците почнува да исчезнува веднаш штом ќе се венчаат, бидејќи тогаш реалноста стапува на сцена. Набрзо почнуваат да сфаќаат колку одговорности носи бракот и колку е комплицирано да љубите и да живеете со некого без да го изгубите сопствениот идентитет.

Постои само една вистинска причина за стапување во брак: Сакате да остварите вечна поврзаност со вашиот најдобар пријател и љубовник чии недостатоци и одвратни навики можете да ги толерирате без да чувствувате потреба да ги промените.

Доколку сте сигурни дека сакате да се венчате, прочитајте што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар