7 парчиња без кои не можете оваа сезона

Периодот за џемпери и топла облека повторно се врати. Овие 7 прекрасни парчиња ќе направат да изгледате тренди, а сепак да ви биде топло.

1. Џемпер во фишермен стил

Ладните утра веднаш стануваат подобри со ваквиот џемпер. Удобен и со интересна плетка, ова парче полека, но сигурно ги освојува и модните блогери и модните критичари.

2-7-parcinja-bez-koi-ne-mozete-ovaa-sezona-kafepauza.mk

2. Чорапи над колениците

Одличниот пар хулахопки со погрешна комбинација може да го упропасти целокупниот впечаток. А чорапите над колениците се нивна забавна алтернатива кои додаваат топлина на школскиот изглед кој секогаш изгледа неодоливо.

3-7-parcinja-bez-koi-ne-mozete-ovaa-sezona-kafepauza.mk

3. Лажно крзно со модификации

Добро познатото парче во зимските денови добива нова модификација: експлозивни бои. Модниот свет веднаш го освоија темните нијанси на скапоцените камења како рубин, смарагд и сафир.

4-7-parcinja-bez-koi-ne-mozete-ovaa-sezona-kafepauza.mk

4. Наметка-палто

Дефинитивно уште едно парче кое мора да го имате оваа сезона. Плус навистина е слатко да се обвиткате во него и да се згреете.

5-7-parcinja-bez-koi-ne-mozete-ovaa-sezona-kafepauza.mk

5. Патики во металик нијанса

Златни, сребрени или бронзени, стилските патики во метални нијанси ги освоија улиците по светот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

6. Есенско освежување

Иако е сезона на придушените земјени тонови, оваа сезона сретнавме и многу весели и јаки бои. Најчести се палтата во силни тонови кои додаваат малку живост на есенската меланхолија.

7-7-parcinja-bez-koi-ne-mozete-ovaa-sezona-kafepauza.mk

7. Кожни акценти

Хеланките и фармерките од лажна кожа изгледаат прекрасно и се парче кое треба да се најде во сечиј плакар.

8-7-parcinja-bez-koi-ne-mozete-ovaa-sezona-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар