7 неверојатни работи што му се случуваат на вашето тело кога за прв пат ќе бакнете некого

Нема ништо поубаво од одличен прв бакнеж. Постојат многу хормони, хемикалии и биолошки фактори од кои зависи колку ќе биде добар првиот бакнеж. Не станува збор само за сексуална привлечност. Според некои експерти, бакнувањето е инстинкт чија цел е да ги ослободи хемикалиите што се заслужни за пријатните чувства. Освен тоа, на усните има нервни завршетоци кои се стимулираат при бакнувањето и ги активираат и другите сетила како што е мирисот на пример. Во продолжение, прочитајте 7-те неверојатни нешта што му се случуваат на вашето тело кога за прв пат ќе се бакнете со некого…

7 неверојатни работи што му се случуваат на вашето тело кога за прв пат ќе бакнете некого

1. Се намалува нивото на стрес

Ако чувствувате анксиозност, најдобро е да бакнете некого наместо да испиете чаша вино. Редовното бакнување ги намалува нивоата на стрес. Според едно истражување, кај студентите кои се бакнувале цели 15 минути било забележано драстично намалување на нивоата на кортизол, телесниот стрес хормон. Кај машките испитаници биле забележани зголемени нивоа на окситоцин, хормон што предизвикува среќа, додека кај жените дошло до негово намалување. Истражувањето исто така открило дека оние што се бакнувале, почувствувале посилна поврзаност со партнерот.

2. Се подобрува холестеролот

Бакнувањето може да ви ја подобри општата благосостојба, поточно нивото на маснотии во крвта. Во едно истражување од 2009 година, истражувачите откриле дека бакнувањето го намалува холестеролот и го зголемува задоволството кај партнерите во врската.

7 неверојатни работи што му се случуваат на вашето тело кога за прв пат ќе бакнете некого

3. Вашата плунка ви помага да најдете потенцијален партнер

Влажните бакнежи не служат само за предигра. Наводно, преку бакнувањето вашето тело се обидува да открие дали сака да прави бебиња со личноста која ја бакнувате. Истражувачите од универзитетот Оксфорд откриле дека бакнувањето постои за да ви помогне да најдете потенцијален партнер. Имено, хемикалиите од кои се состои плунката му помагаат на телото дали човекот кого го бакнувате може да создаде добро потомство. Друго истражување смета дека во машката плунка има тестостерон што им овозможува на жените да ја проценат силата на нивниот потенцијален партнер на молекуларно ниво.

4. Се лачи адреналин

Кога се бакнуваме, нашите тела лачат голема количина на адреналин. Ритамот на срцето се забрзува, а циркулацијата се подобрува. Тоа ви помага да ја зголемите вашата енергија и ве полни со позитивни вибрации. По интензивен бакнеж, луѓето се чувствуваат живи и полни со елан.

5. Се лачат сите хормони за среќа во мозокот

Не само што вашето тело се преплавува со окситоцин за време на бакнувањето, туку станува домаќин и на многу други хормони за среќа. Според експертите, додека се бакнуваме нашите мозоци се полни со допамин. Тоа е истиот хормон што се ослободува кога сте вклучени во некои други пријатни активности како што е сексот или слушањето на омилената музика.

7 неверојатни работи што му се случуваат на вашето тело кога за прв пат ќе бакнете некого

6. Се зголемуваат зениците

Една од причините зошто ги затвораме очите кога се бакнуваме е тоа што нашите зеници се зголемуваат и тоа нè прави чувствителни на светлина. Ова се случува затоа што зениците на луѓето се прошируваат кога чувствуваат силна сексуална привлечност. Ако се бакнувате со личност која многу ви се допаѓа и сакате да знаете дали чувствата ви се возвратени, очите никогаш нема да ве излажат.

7. Телото се полни со феромони

Кога се бакнувате со човек кој навистина ви се допаѓа за прв пат, вашето тело лачи феромони. Станува збор за природни хемикалии кои се заслужни за привлечноста што ја чувствуваме кон одредени луѓе. Тогаш кога вашето тело е полно со феромони, делувате особено привлечни за сите што се околу вас. Во тој момент, вие буквално зрачите! Експертите откриваат дека кожата околу носот и устата е богата со мрсен секрет наречен себум. Научно докажано е дека себумот содржи феромони, хемикалии што пренесуваат информации за биолошката шминка на луѓето. Овие феромони ја зголемуваат вашата сексуална привлечност и ви помагаат да откриете дали личноста што ја бакнувате ќе ви биде добар партнер.

Бакнувањето е неверојатно. Следете го вашето тело доколку сакате да најдете љубов и добар партнер. Со други зборови, доколку бакнете некого и не ја почувствувате неговата енергија и мирис, на тој начин вашето тело се обидува да ви каже да продолжите понатаму и да побарате нешто друго. Па, што чекате? Почнете да се бакнувате!

Дознајте и зошто луѓето се бакнуваат.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар