7 нешта што можат да ви се случат доколку престанете да одите на маникир

7 нешта што можат да ви се случат доколку престанете да одите на маникир

Без разлика дали одите на маникир или сами си ги средувате ноктите, целта е тие секогаш да ви бидат совршено уредни. Но, тоа што можеби не го знаете е дека и ним понекогаш им е потребен одмор, па доколку се одлучите за посоодветна нега, погледнете со што би се соочиле…

1. Ноктите ќе ви бидат појаки

Кога не би нанесувале лак за нокти, при што не би користеле ацетон или друг отстранувач на лакот, разните состојки коишто ви ги оштетуваат ноктите ќе бидат далеку од вас. Тогаш ќе забележите дека ноктите ќе ви бидат појаки и помалку ќе се кршат.

2. Ноктите ќе ви бидат посветли

Како што виното и кафето оставаат траги на вашите заби, така и лакот остава траг на ноктите. Доколку сте љубители на темните лакови, а не ставате основа, тогаш поверојатно е дека ноктите ќе ви станат жолти. Ако одредено време не користите лак, вашите нокти ќе добијат природна и убава боја.

3. Ноктите ќе ви бидат помазни

Ноктите се составени од неколку слоеви мртов кератин, при што средството за отстранување на лакот ќе го отстрани и овој слој, така што тие ќе станат погруби. Препорачливо е некој период да се одморите од лакирање, со цел вашите нокти да станат помазни.

4. Поверојатно е дека ќе треба дополнително да ги хидрирате

Без лак, ноктите можат да бидат посуви од вообичаено, па затоа ќе биде потребно неколку пати дневно да нанесете масло на заноктиците.

5. Имате поголеми шанси да станете поздрави

Опремата за маникир мора редовно да се дезинфицира, инаку ризикувате да добиете различни габични инфекции. Ако не сте задоволни со хигиената на салонот за маникир којшто го посетувате, искористете го времето додека трае одморот на вашите нокти и пронајдете нов и подобар салон.

6. Ќе заштедите пари

Бидејќи посетувањето на салонот за маникир не е секогаш добро за вашиот паричник, паузата ќе ви помогне да заштедите пари и конечно да ги купите вашите омилени шминки за коишто веќе подолго време сонувате!

7. Морате да научите да ги сакате ноктите и без лак

Можеби на почетокот ќе ви биде тешко, особено ако сте љубител на светли или темни бои. Сепак, многу полесно ќе ви биде кога ќе го видите подобрувањето на своите нокти, како и зголемувањето на паричниот фонд. Дури и кога повторно ќе почнете да ги лакирате, ќе почнете да избирате неутрални нијанси.

Како што гледате, на вашите нокти им е потребен мал одмор, па затоа потрудете се и тоа да им го овозможите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар