7 нешта кои укажуваат на врска која има иднина

Се запрашувате ли дали вашата врска има иднина? Ве интересира ли дали сте го/ја нашле вистинскиот/вистинската или само го губите вашето време? Не грижете се, постојат неколку начини на кои можете да дознаете дали вашата врска има иднина.

7 нешта кои укажуваа на врска која има иднина

1. Рамноправност и споделување

Во една здрава врска никогаш не би требало да се чувствувате „обврзани“ кон вашиот партнер кога тој ќе направи нешто убаво за вас. Доколку тој/таа ви купи подарок, вие не би требало да чувствувате потреба да му/ѝ купите нешто само за да ги избалансирате нештата. Секако, доколку живеете заедно вие би требало да ги делите сметките. Но, не секогаш тоа мора да биде еднакво и не би требало да чувствувате грижа на совеста доколку едниот плаќа повеќе бидејќи заработува повеќе. Со други зборови, вие и вашиот партнер треба да ги делите нештата доброволно, заеднички да работите на одржувањето и да се чувствувате удобно и рамноправно во врската без грижа на совест во однос на парите.

2. Сѐ е во малите нешта

Секоја врска може да најде начин како да премине преку големите нешта, но оние малите и секојдневни нешта со кои постојано се соочуваме имаат моќ да нѐ полудат. Дали можете да преминете преку фактот што таа ја џвака храната со отворена уста или пак, со тоа дека тој заборава да ја затвори пастата за заби по употреба? Доколку не можете да преминете преку овие ситници и ако тој/таа не се подготвени да се променат за вас, тогаш можеби е време подобро да размислите за вашата врска. Вие би требало да го делите вашиот дом со оваа личност и да живеете во хармонија, а не постојано да полудувате од мали нешта кои ви пречат повеќе од сѐ на светот.

7 нешта кои укажуваат на врска која има иднина

3. И покрај сѐ, сѐ уште сакате да бидете заедно

Доколку вие и вашиот партнер сте заедно со години и доколку сѐ уште уживате во вашето присуство, тогаш вашата врска со сигурност има иднина. Да сакате да бидете еден покрај друг е една од најважните нешта во врската. Природно е врската со тек на време да се менува, но во оние граници во кои вие се чувствувате удобно.

4. Но, знаете и како да биде одделени

Еден од најдобрите начини да дознаете дали вашата врска има иднина е доколку поминете малку време одделени. Тешко е да се соочувате со секојдневните лудории покрај вашиот партнер, но уште потешко е доколку би требало тоа да го сторите сами. Доколку се чувствувате удобно и кога сте одделени тогаш вашата врска со сигурност има иднина. Вие би требало да си верувате еден на друг. Но, ако се чувствувате несигурно и неподносливо тогаш можеби нешто не е во ред. Исто така доколку сте посреќни кога сте одделени од вашиот партнер тогаш дефинитивно би требало подобро да размислите за вашата иднина со оваа личност.
7 нешта кои укажуваат на врска која има иднина

5. Имате слично размислување

Доколку сакате да имате заедничка иднина, тогаш вие и вашиот партнер мора да размислувате на ист начин. Секако, под „ист начин“ не мислиме да се согласувате со сѐ и во секое време (тоа сигурно би било неверојатно досадно), туку да имате заеднички цели за иднината. Доколку вие сакате да патувате низ светот безгрижно, без деца и без хипотеки, а вашиот партнер сака да основа семејство, да има 3 деца и фамилијарен автомобил, тогаш ќе биде многу тешко да најдете компромис. Вие и вашиот партнер мора да имате исти погледи кон иднината доколку сакате и вашата врска да има иднина.

6. Имате отворена комуникација

Една врска не може долго да опстои доколку партнерите не комуницираат помеѓу себе. Една од најважните нешта кои морате да ги запомните е дека вашата иднина со оваа личност зависи од фактот дали ќе ја прифатите онаква каква што е, бидејќи колку и да се трудите вие никогаш нема да можете да ја промените. Токму затоа, треба да се осигурате дека можете отворено да му верувате на вашиот партнер. Ако не можете да му кажете сѐ што ви паѓа на памет, тогаш можеби тој не е вистинскиот за вас.

7 нешта кои укажуваат на врска која има иднина

7. Знаете како да се расправате

Доколку вие и вашиот партнер никогаш не сте се имале расправија, тогаш би требало да направите еден чекор наназад и да размислите за вашата врска. Сите парови се караат и тоа е сосема нормално и здраво. Секако, не би требало да викате, да фрлате предмети еден на друг и да се нарекувате со погрдни имиња, но сепак нормално е да имате несогласувања. Треба да знаете како да се расправате за проблемот и како истиот да го надминете. Доколку можете тоа да го сторите, без постојано да му замерувате на вашиот партнер и да држите лутина, тогаш сте на добар пат до врска која има иднина.

Не секогаш е лесно да се биде во врска, но уште потешко е да ја најдете вистинската личност со која би можеле да го поминете целиот свој живот. Доколку веќе сте успеале во тоа, слободно споделете со нас како знаевте дека вие и вашиот партнер сте совршени еден за друг.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар