7 непоколебливи докази дека интровертите се најдобри помеѓу чаршафите

7 непоколебливи докази дека интровертите се најдобри помеѓу чаршафите

Сигурно би помислиле дека пологично е екстровертите да се подобри во кревет, no реалноста е сосема спротивна. Токму интровертите се оние кои обрнуваат повеќе внимание на деталите, а со тоа и го прават целиот сексуален однос повозбудлив и понезаборавен… Погледнете ги следниве докази кои покажуваат дека тие се незаменливи меѓу чаршафите.

(1) 7 непоколебливи докази дека интровертите се најдобри помеѓу чаршафите

1. Никогаш не брзаат

Тие никогаш нема да брзаат кога станува збор за вашето задоволување. За разлика од екстровертите, интровертите се понежни и ќе ве пречекаат со побавен, но повозбудлив чекор. Кај нив не може да се забележи превисока самодоверба, туку соодветна сигурност дека знаат што прават, а токму тоа и ги прави нештата поинтересни.

2. Сè се врти околу довербата

Тие нема да направат ништо што ќе ги премине границите (освен ако вие не го побарате тоа од нив). Тие не сакаат да направат да ви биде непријатно, туку ќе се погрижат да им верувате со секој дел од своето тело.

(2) 7 непоколебливи докази дека интровертите се најдобри помеѓу чаршафите

3. Знаат точно што прават

Верувајте, тие веќе размислувале за сè што некогаш ќе ви падне на памет. Големи се шансите дека веќе ги обработиле сите овие идеи во своите глави, па нема причина да се двоумите дали да им ги признаете вашите желби и потреби или не…

4. Ќе бидат целосно фокусирани на вас

Интровертите мудро одбираат кому ќе ја дадат својата енергија. И ако ве одберат вас, тогаш ве очекува големо задоволство. Тие нема да бидат мрзливи и едвај ќе чекаат да ве направат што посреќни можат.

(1) 7 непоколебливи докази дека интровертите се најдобри помеѓу чаршафите

5. Знаат кога да молчат

Понекогаш, зборувањето во моментите кога нештата ќе почнат да се разгоруваат може целосно да го уништи вашето расположение. Но, интровертите знаат точно кога тишината има моќ да ги засили сетилата како допирот и вкусот. Тие ја знаат моќта која може молкот да ја донесе помеѓу чаршафите.

6. Љубат да љубат

Ако еден интроверт се заљуби во вас, тој или таа ќе го вложи сето свое време и енергија во вашата врска. Тие ќе се погрижат дека сте среќни и никогаш нема да се плашат да зборуваат отворено со вас за да ги направат нештата уште подобри.

(3) 7 непоколебливи докази дека интровертите се најдобри помеѓу чаршафите

7. Најважна е поврзаноста

Да, сексот е физичко задоволство. Но, интровертите внимателно одбираат со кого да имаат односи. Ако сакаат да го сторат тоа со вас, тоа не е затоа што сметаат дека сте жешки или убави, туку затоа што сте ги заинтересирале на повисоко ниво и сакаат да ве запознаат подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар