7 (не)очекувани промени во телото откако ќе престанете да земате контрацепциони пилули

Контрацепционите пилули, освен спречувањето на несаканата бременост, најчесто се земаат и заради нередовните или обилните менструации. Дали тие ќе се вратат откако ќе престанете да ги пиете пилулите? Дознајте кои 7 промени се случуваат во женското тело кога ќе престанете да ги пиете контрацепционите пилули.

1-7-neochekuvani-promeni-vo-teloto-otkako-kje-prestanete-da-zemate-kontracepcioni-piluli-www.kafepauza.mk_

1. Болни менструации и грчеви

Болната менструација е една од главните причини заради кои жените се одлучуваат да пијат контрацепциони пилули, бидејќи тие ги ублажуваат симптомите на ПМС и болките во текот на менструалниот циклус. Бидејќи пилулата со својот хормонски состав влијае на спречување на овулацијата, без неа можно е повторно да ги почувствувате последиците од овулацијата, односно неудобните болки и грчеви.

2. Губење килограми

Со некои контрацепциони пилули жените може да качат некое кило, но тука првенствено се работи за насобирање течности. Сепак, ова не се случува со сите пилули. Во случај жената да добие на тежина повеќе од 3 килограми во рок од 6 месеци, се менуваат пилулите или се прекинуваат под услов сите нејзини навики да останат исти, на пример прехранбените и слично. Со престанување на пилулите можно е губење на килограмите заради намалениот апетит кој е предизвикан од хормоналните промени.

2-7-neochekuvani-promeni-vo-teloto-otkako-kje-prestanete-da-zemate-kontracepcioni-piluli-www.kafepauza.mk_

3. Помали гради

Градите секогаш се поубави и поголеми со контрацепционите пилули во која било комбинација. Тоа се случува бидејќи градите реагираат на компонентите на естроген и прогестерон во пилулите. После прекинувањето на пилулите не е необично доколку градите се вратат во старата големина.

4. Обилен исцедок

Бидејќи пилулата ја спречува овулацијата, доаѓа и до произведување на помала количина вагинален исцедок. После престанувањето со пилулите, исцедокот повторно може да биде обилен. Сепак, треба да го земете предвид и изгледот на самиот исцедок, со која боја е, каков мирис има и каква му е структурата што може да се променат и заради некои воспаленија.

5. Појава на акни

Некои жени како причина за земање контрацепциони пилули ги наведуваат и акните. Еден од несаканите ефекти по нивното престанување може да биде и враќањето на акните, заради хормоналните нарушувања кои се главна последица за зголеменото ниво на тестостеронот.

3-7-neochekuvani-promeni-vo-teloto-otkako-kje-prestanete-da-zemate-kontracepcioni-piluli-www.kafepauza.mk_

6. Зголемена можност за бременост

По престанувањето на пилулите, во првите шест месеци е зголемена и можноста за бременост, па задолжително треба да се внимава.

7. Нередовни и обилни менструации

Токму нередовните и обилните крвавења, односно анемијата е една од најчестите причини за контрацепција. По престанувањето на пилулите тоа повторно може да се појави.

Доколку сакате да дознаете подетални информации, поглднете сѐ што треба да знаете за контрацепцијата!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар