7 најпопуларни ретро модни трендови

Времето минува, трендовите се менуваат, но неретко модните трендови се повторуваат. Ова се седумте моментално најпопуларни ретро изгледи кои се вратиле во мода. Од смело исцртани усни до мачкини очи или фризура како онаа на Одри Хепберн, слободно одете ретро и постигнете го посакуваниот ефект.

Смело исцртани црвени усни

Можеби ве потсеќа на 50-тите? Смело исцртаните усни со црвена боја дефинитивно го прават својот „камбек“ и сè почесто може да ги забележиме на црвениот тепих во денешниот моден свет. Секси, смели и заводливи. Доколку го немате испробано овој изглед, сторете го тоа веднаш.
7 најпопуларни ретро модни трендови

„Хипи“ фризура

70-тите се повторно „ин“. Станува збор за слободно пуштена коса со благи локни на краевите. Природен и нежен изглед, истовремено сладок и женствен.
7 најпопуларни ретро модни трендови

Дебел слој моливче за очи со крилести завршетоци

Одличен рецепт за секси и заводлив поглед. Секако, за да го постигнете ви треба вежба и трпеливост, но кога ќе станете свои професионални шминкери може да почнете да уживате праќајќи заводливи погледи. Ваквата шминка има уште подобар ефект доколку нанесете кафеав туш по рабовите од моливчето.
7 најпопуларни ретро модни трендови

Дебели веѓи

Овој изглед има шмек од 80-тите а веќе е испробан од страна на многу модели и актерки. Тенките веѓи веќе некое време не се во мода. Бидете слободни со поприроден изглед.
7 најпопуларни ретро модни трендови

Неонски усни

Уште еден изглед од 80-тите, по кој биле препознатливи некои ѕвезди како Синди Лопер и Мадона. Флуоресцентната или неонската шминка ќе ви одговара без разлика на тенот, па бидете слободни со употребата на бои како розова, виолетова или портокалова.
7 најпопуларни ретро модни трендови

Брановита боб фризура

Навистина голем ретро хит од 20-тите, женствен и нежен. Кратката и брановита боб фризура е елегантна и е препознатлив тренд.
7 најпопуларни ретро модни трендови

Голема пунџа на врвот на главата

Препознатливата фризура на Одри Хепберн од „Појадок кај Тифани“. Позитивната страна е тоа што многу лесно можете да ја направите и сами и за кратко да постигнете елегантен, женствен и стилски изглед.
7 најпопуларни ретро модни трендови

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар