7 начини за спречување на главоболката

7 начини за спречување на главоболката

Многу секојдневни работи како што се расправиите, обврзувачките рокови, сообраќајниот метеж, недоволното спиење и слично, можат да ни создадат главоболки. Општо земено, главоболките се одговорот кој го добиваме од телото за нанесениот физички или емоционален стрес. Овие стресови можат да предизвикаат грчење на мускулите во главата и вратот и притоа да создадат тензични болки во овој предел. Тие исто така, можат да предизвикуваат стегање, а подоцна и опуштање на крвните садови, што може да создаде мигрена или васкуларна главоболка. Неретко се случува причина за главоболки да бидат и оптоварените или инфицирани синуси.

7 начини за спречување на главоболката

Сепак покрај големата непријатност кои повеќето од нив ја предизвикуваат, најчесто тие се привремени и можат многу лесно да се излечат и без помош на медикаменти. Пред да пробате проблемот да го решите со апче, обидете се со некој од следниве природни начини.

Чај од ѓумбиров корен

Ѓумбирот може многу да помогне против мигрената преку спречување синтеза на простагландини (многу масни киселини што се создаваат во човечкото тело и имаат силно физиолошко дејство). Поважно е тоа што, ѓумбирот многу помага во намалување на мачнината која ја создава мигрената. Чајот подгответе го така што, во 250 милилитри вода ќе ставете ¾ ѓумбиров корен и ќе го оставете да се крчка околу 30 минути на пониска температура.

Етерични масла од мајчина душица и рузмарин за масажа на главата

За ублажување на главоболката, капнете неколку капки етерично масло од мајчина душица или рузмарин на вашето чело. Протријте нежно за да се впие во кожата, а потоа мирувајте неколку минути. Во една студија направена во 2010 година, истражувачите откриле дека овие масла содржат супстанца која делува  анти-воспалително.

7 начини за спречување на главоболката

Етерични масла од пеперминт или лаванда за капење на стапалата

Некои природни исцелители веруваат дека капењето на стапалата може да ви ја намали главоболката. Жешката вода ја повлекува крвта во нозете, намалувајќи го притисокот на крвните садови во вашата глава. Со додавањето на неколку капки етерично масло од пеперминт или од лаванда, можете дополнително да си помогнете бидејќи аромата предизвикува олеснување.

Чај од камилица

Правењето пауза во вашиот презафатен распоред, ќе ви помогне да ја испуштите тензијата која подоцна може да ви предизвика главоболка. Чајот од камилица содржи состојки кои можат да ви ја намалат болката и да ве релаксираат. Сварете шолја чај, употребувајќи една филтер кесичка. Оставете го поклопен десетина минути и по желба заладете со мед. Пополека пијте го топлото чајче, додека се одморате на некое мирно место.

7 начини за спречување на главоболката

Магнезиум

Истражувачите велат дека оние кои страдаат од мигрена секогаш треба да го поседуваат овој важен минерал во своето медицинско шкафче. Според истражувањата, овие луѓе имаат ниско ниво на магнезиум во нивниот мозок за време на „нападите“ или пак имаат општ дефицит од магнезиум во организмот. Но, мора да се напомене дека магнезиумот може да предизвика дијареа кај некои луѓе.

Витамин Б2

Според една студија, внесувањето 400 милиграми од овој витамин, познат и како рибофлавин може за 50 % да ги намали шансите за мигрена. Кај 60 % од волонтерите кои три месеци редовно внесувале толкава количина од овој витамин, резултатите биле позитивни.

7 начини за спречување на главоболката

Екстракт од лопушка (овчарка)

Лековитата тревка наречена лопушка или овчарка претставува ефективно средство кое помага при намалување на главоболката. Се препорачува да се пие 75 милилитри екстракт од оваа тревка за време на првиот месец, а потоа да се пие два пати на ден по 50 милилитри.

Доколку главоболката ви е предизвикана  од вчерашното лудување, тогаш ви треба нешто друго.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. DRAGI TRAJKOVSKI Reply

    TREBA DA E VISTINA SETO TOA ! ODLICNI STE

  2. ... Reply

    mhm, uste kopito od ednorog vi fali..poentata e da se predlozat produkti sto se prakticni i sekoj gi ima doma, a ne nesto sto i po 2-nedelno pazaruvanje nema da go najdes..

Напиши одговор на ... Откажи одговор