7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебе

7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебе

Доколку го очекувате вашето прво бебе, освен што се чувствувате возбудени, воедно се прашувате што ве очекува кога тоа ќе пристигне на овој свет и дали вашиот живот ќе се промени. Голем дел од идните мајки си мислат дека сè ќе остане исто во нивните животи, освен фактот дека ќе имаат бебенце, но вистината е дека и покрај тоа што ќе ги сакате истите работи како и претходно, дефинитивно ќе забележите убави промени додека кај вас се буди родителскиот инстинкт.

 7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебе

1. Ќе станете ранобудник

Една од работите која дефинитивно ќе се промени кога ќе го родите вашето прво бебе, е времето на спиење. Доколку претходно сте биле ноќна птица, сега ќе мора да се прилагодите на потребите за спиење на вашето новороденче и ќе почнете да станувате многу рано наутро и да си легнувате рано навечер.

2. Детските играчки се навистина возбудливи

Ќе се потсетите колку ви било интересно играњето со играчки како дете. Кога ќе здогледате играчка која знаете дека вашето дете ќе ја обожава, ќе се возбудувате дури и повеќе од него.

 7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебе

3. Играњето со вашето дете е забавно

Можеби претходно никогаш не сте помислувале дека би можеле да гледате куклена претстава, да се смеете на цртани филмови или да седите на клупа додека вашето детенце си игра во паркот, но откако ќе станете родител ќе сфатите дека ваквите активности и тоа како ве исполнуваат. Ќе ви биде забавно исто колку што му е забавно на вашето дете, а можеби и повеќе.

 7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебе

4. Ќе почнете брзо да размислувате

Кога сте родител, итни ситуации се случуваат речиси секој ден. Поради тоа, ќе научите како веднаш да донесувате одлуки и да кроите план „Б“ доколку првиот се покаже како неуспешен. Почнувате да губите контрола во јавност? Сендвичот ви се распрска на вашата облека? Кога ќе станете мајка, ќе научите како да воздивнете и да најдете инстантно решение за проблемите.

5. Ќе се разнежните

Можеби додека сте биле девојка сте биле нежни, можеби сте биле „хардкор“, но кога ќе родите бебе дефинитивно ќе станете многу поемотивни. Срцето ќе ви се топи секогаш кога вашето дете ќе ви каже „те сакам мамо“. Ќе го грабнете в раце и ќе му подарите безброј бакнежи и прегратки, бидејќи мајчината љубов е бескрајно чувство.

 7 начини на кои ќе се промените кога ќе родите бебе

6. Ќе ви се врати празничната магија

Кога станувате возрасни и животот и обврските ви стануваат посериозни, се чувствувате исцрпено, па празниците ги доживувате само како совршено време за излежување и спиење. Но, откако ќе донесете бебе на овој свет, еуфоричната празнична магија повторно ќе се врати во вашиот живот. Ќе сакате да верувате дека Дедо Мраз навистина постои и ќе му донесе подарок под елката на вашето најмило.

7. Тренерките се најудобна облека

Откако ќе станете мајка ќе ви биде сосема јасно зошто тренерките се најудобна работа на светот. Нема да ве стегаат, потат или да ви сметаат додека го бркате вашето дете низ паркот. Тесни фармерки и штикли, едноставно не се соодветен избор кога имате брзо човече за кое треба да се грижите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар