7 начини на кои без да знаете си предизвикувате брчки

7 начини на кои без да знаете си предизвикувате брчки

И покрај тоа што повеќето брчки се предизвикани од вообичаените начини како оштетување од сонцето, пушење цигари или дехидрација, постојат и некои секојдневни навики како потпирање на вашата глава врз рацете кои можат да ги направат полоши.

7 начини на кои без да знаете си предизвикувате брчки

„80% од нашите брчки се предизвикани од вообичаените осомничени како сонцето и цигарите, додека пак 20% од нив можат да се препишат на други навики или активности кои ние ги правиме секојдневно и без размислување“, вели дерматологот Џил Вејбел.

Некои од брчките се неизбежни, но експертите велат дека можете да го намалите нивниот број доколку се одвикнете од следниве секојдневни навики и однесувања:

1. Пиење со цевка

Изгледа чудно, но постојаното пиење пијалаци со цевки може да предизвика брчки околу вашата уста. Зошто? Бидејќи кога пиете низ цевка вие ги притискате усните и доколку постојано го правите тоа, со тек на време колагенот околу вашата уста се крши, резултирајќи со линии во вашата кожа. Токму затоа обидете се што е можно повеќе да избегнувате да пиете со цевки.

2. Премногу затоплена просторија, или премногу оладена

Има смисла да го зголемите греењето доколку ви е ладно или пак, да го засилите климатизерот доколку се потите. Но, за жал овој воздух може сериозно да ја оштети вашата кожа и да доведе до прерано стареење и појава на брчки околу вашите очи и општо на лицето. Дерматолозите препорачуваат постојано да користите развлажнувач на воздухот, или пак едноставно поставете чаша со вода во ваша близина навечер со цел да се зголеми нивото на влажноста на воздухот додека спиете.

3. Гума за џвакање

Можеби би требало посериозно да размислите за вашите редовни навики во однос на гумата за џвакање, бидејќи таа бара голема активност на мускулите во вашите образи, а со тоа и го крши колагенот, предизвикувајќи брчки околу устата и на образите. Доколку џвакате мастика за свеж здив, заменете ја со освежувач на здивот кој можете да го носите во вашата чанта и употребете го само тогаш кога имате потреба.

4. Заборавање на очилата за сонце

Постојаното мижуркање додека се движите надвор на сончево време предизвикува брчки околу вашите веѓи, како и околу вашите очи. Постојаното превиткување на кожата на исто место води кон трајни брчки кои со тек на време само се влошуваат. Доколку не сакате да носите очила за сонце, барем носете капа со цел да ги заштитите вашите очи од прерано стареење.

5. Потпирање на главата врз вашите раце

Често ја одмарате вашата глава врз вашите раце? Тоа мора веднаш да престане. Константното притискање на кожата на одредено место може токму таму да создаде брчки. Оваа навика го крши колагенот и еластичното ткиво од притисокот, па доколку постојано го правите на истиот начин, големи се шансите дека токму на тоа место ќе развиете огромен број брчки.

6. Спиење на страна

Оваа позиција на спиење може да биде одлична за тие што имаат болки во грбот, но исто така може да има и сериозни последици за вашата кожа. Според едно истражување, 41% од луѓето спијат во „фетална“ позиција (жените повеќе од мажите). Но, страничното спиење може да доведе до брчки околу градите кои стануваат трајни доколку постојано се случува. Токму затоа жените би требало да се обидат колку е можно повеќе да спијат на грб.

7. Премногу рафиниран шеќер

Рафинираниот шеќер не само што е лош за вашето здравје, туку исто така е и лош за вашата кожа. Консумирањето премногу шеќер предизвикува гликација, процес кој се случува кога телото поседува преголемо количество шеќер. Тоа влијае врз нормалното функционирање на вашите клетки бидејќи вишокот шеќерни молекули се спојуваат со протеинските молекули и создаваат продукти кои не припаѓаат во вашето тело. Токму тие влијаат врз вашето тело и предизвикуваат колагенот и еластинот да се кршат, резултирајќи со брчки на вашето лице. На кратко, избегнувајте рафиниран шеќер колку што е можно повеќе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Насловот…нешто… ви е голтнато или загинато околу компјутерот, вратете ги зборовите во статијата, ако сакате …

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор