7 начини да се разубавите додека спиете

7 начини да се разубавите додека спиете

Ноќта е најубавото време за третмани за убавина. Тогаш вашето тело закрепнува и обидите за разубавување се најефикасни. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да се разубавите дури и додека спиете.

1. Направете маска за лице од алое вера

Сокот од алое вера ја осветлува кожата, ги отстранува мозолчињата и ја спречува појавата на брчки. Исто така, таа е погодна за секој тип кожа. Само одберете ја правата маска за вашиот тип кожа: Мрсна, сува или нормална. Најдобро е да ја нанесувате маската два пати неделно.

2. Направете маска со витамин Е за пределот под вашите очи

Кожата под вашите очи е сува, тенка и склона кон брчки. За да го забавите процесот на стареење, нанесете маска со витамин Е пред спиење. Витамините можете да ги најдете во секоја аптека. За најдобри резултати, додајте и рибино масло. Но, бидете внимателни со витаминот Е, секогаш ставајте само неколку капки. Ако се користи во поголема доза може да предизвика отекување и иритација. Нанесувајте ја маската еднаш неделно.

3. Нанесете масло од рицинус на трепките и веѓите

Темелно исплакнете четка за маскара и ставете ја во рицинусово масло. Потоа, со помош на четката нанесете го маслото на веѓите и трепките за да го забрзате нивниот раст и да им ја зголемите густината. Повторувајте секоја вечер пред спиење.

4. Нанесете кокосово масло на вашите усни

Кокосовото масло е од голема помош за сувите усни. Потребно е многу време да се впие, па затоа најдобро е да го нанесувате пред спиење. Можете да користите чисто масло или пак, маска чија основа е кокосовото масло.

5. Навлажнете ја косата

Вашата коса се справува со многу груба средина во текот на денот, па затоа и е потребно закрепнување. Најчестата причина за тенка и електризирана коса е недостатокот од влага. Постојат бројни спреови и серуми за навлажнување на косата, но можете да си направите еден и дома – потребни ви се јаболков оцет, вода и шише со распрскувач.

6. Омекнете ги рацете

За да ги направите дланките меки и нежни, следете го овој метод пред спиење:

  • Измијте ги рацете и нанесете пилинг. Масирајте, и повторно измијте ги.
  • Исушете ги рацете и нанесете дебел слој крем за навлажнување. Обрнете внимание на деловите помеѓу прстите и зглобовите.
  • Ставете ракавици и одете на спиење.
  • Кога ќе се разбудите, отстранете ги ракавиците и нанесете масло за кутикули околу ноктите.

7. Отстранете ја грубата кожа на стапалата

Летото веќе пристигна, па време е да ги подготвите вашите стапала. Испуканите пети можат да се средат со маслиново или кокосово масло.

  • Прво, направете пилинг на стапалата.
  • Потоа, внимателно нанесете маслиново или кокосово масло на стапалата, облечете памучни чорапи и одете на спиење.

Погледнете ги и овие кратки и евтини совети за убавина кои навистина ќе ви помогнат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар