7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезоната

7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезоната

Доколку сакате да имате јагоди долго по завршувањето на нивната сезона, тогаш погледнете ги следниве неколку стари и нови методи за конзервирање кои не бараат многу труд и време. Станува збор за едноставни трикови кои ќе ви овозможат да имате јагоди дури и за време на зимата.

7 начини да ги сочувате јагодите откако ќе им помине сезоната

Едноставен сируп од јагоди

За сирупот од јагоди ќе ви бидат потребни 200 грама шеќер и 1 литар вода. Исчистете ги јагодите и ставете ги во пластичен сад за замрзнување, прелијте врз нив ладен сируп и ставете ги во замрзнувач. Откако ќе замрзнат извадете ги од замрзнувачот и оставете ги цела ноќ во фрижидер за да се стопат. Овој сируп ќе ви биде одличен додаток за десерт, можете да го користите за колачите или овошни јогурти. Во сирупот исто така можете да додадете ванила, цимет или кора од портокал за дополнителна арома.

„Дехидрирани“ јагоди

Сушените продукти во нутритивна смисла се многу препорачливи бидејќи овој процес не ги нарушува природните карактеристики. Станува збор за многу едноставна постапка за подготвување. Измијте ги јагодите, исечкајте ги на тенки парчиња и оставете ги да се сушат. Тоа можете да го направите и во рерна, на најниска температура околу 3 часа. Потоа затворете ги јагодите во стаклен сад и ако се добро исушени можат да траат и до 1 месец.

Смрзнување цели јагоди

Смрзнатите јагоди се идеални за изработка на овошно фрапе или колачи во текот на целата година. Тие најдобро е да се смрзнуваат поединечно, па откако ќе ги измиете распоредете ги во замрзнувачот така што да не се допираат. Прво замрзнете ги, а потоа спакувајте ги во кеса. На овој начин можете да смрзнувате и друго овошје.

Сос од јагоди

Сосот од јагоди е одличен како прелив за сладолед, палачинки, колачи, па дури и како додаток за мусли. Измијте половина килограм јагоди и заедно со една лажица шеќер и пола лажица лимонов сок ставете ги во блендер. По вкус можете да додадете и повеќе шеќер. Откако ќе завршите замрзнете го сосот.

Ледени коцки

Одличен трик! За да го подготвите концентратот, ќе ви биде потребен сосот од јагодите. Во 230 милилитри сос додајте 200 грама шеќер и 230 милилитри цеден сок од лимон. Ставете ги сите состојки во блендер, добро измешајте, а после сипете го овој концентрат во калапи за лед и замрзнете го. Откако ќе замрзне, во една чаша ладна вода ставете две коцки концентрат и за секунда ќе добиете освежителен пијалак.

Џем од јагоди

Јагодите се одлични состојки кога станува збор за подготовка на џем. Врз 1 килограм јагоди сипете 700 грама шеќер и сок од 1 лимон и оставете ги да преноќат во фрижидер. Потоа исцедете ги јагодите, а добиената течност ставете ја во голем лонец каде што за околу 1 час ќе згусне. Претурете ги јагодите во сад за готвење и откако ќе зовријат, варете уште 15-тина минути заедно со 10 исчекани свежи лисја од нане и 10 големи зрна бибер. Џемот сипете го во загреани тегли.

Овошни кори

Овошните кори кои се познати и како дехидрирано овошно пире, можете да ги подготвите на следниов начин: Со миксер измешајте јагоди и шеќер (количина по ваш вкус), на кои можете да им додадете и различни зачини по желба. Потоа смесата излијте ја на хартија за готвење во многу тенок слој (од само неколку милиметри) и исушете го исто како „дехидрираните“ јагоди. Корите се готови откако целосно ќе се исушат, односно кога нема да ви се лепат на допир. Во фрижидер, заедно со хартија за готвење тие можат да траат и по неколку месеци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар