7 моќни реченици кои успешните луѓе постојано си ги говорат

7 моќни реченици кои успешните луѓе постојано си ги говорат

Секој успех е заснован врз дела, но секое дело почнува со идеи и размислувања. Понекогаш успехот почнува така што знаеме што е важно за нас – што би требало да правиме секој ден, за да останеме на вистинскиот пат кон постигнувањето на своите сништа. Многу е важно да мислиме на убави нешта, кои ќе нè полнат со позитивна енергија, а пречките кои ни излегуваат на патот кон успехот да ги решаваме со леснотија и да ги гледаме како предизвици.

(1)-7-afirmativni-rechenici-koi-uspeshnite-lugje-postojano-si-gi-govorat-www.kafepauza
Затоа, паметните и успешни луѓе си ги повторуваат овие реченици секој ден:

1. „Еј, па тоа и не беше толку лошо“

Стравот што најмногу нè парализира е стравот од непознатото. Кога ќе се соочиме со непознатото, тогаш молскавично и возбудено си велиме „Не можам да верувам дека го сторив тоа!“. Затоа треба постојано да правиме нешто „страшно“, без оглед дали тоа ќе биде од физичка или емотивна природа. Соочувајќи се со стравот, стекнуваме самодоверба и одлучност да ги решаваме тековните проблеми во животот.

2. „Не можам сè да завршам денеска, но ќе направам мал чекор нанапред“

Имате планови, цели, идеи. Но, всушност немате ништо сè додека не почнете активно да работите околу вашите замисли. Најдобро би било да изберете еден план, една цел или една идеја. И, едноставно да почнете. Направете само еден мал чекор, а секој следен потоа ќе биде полесен.

3. „Не ме плаши туѓото мислење“

Кога го живеете животот онака како што сакате, под полна пареа, тогаш не би требало да се грижите што мислат другите за вас. Ако навистина сакате да започнете свој бизнис, а другите мислат дека тоа е лудост, не обрнувајте внимание на туѓите зборови, туку слушајте ги своите инстинкти. Изберете една работа којашто не сте ја пробале досега затоа што сте се грижеле што ќе помислат или што ќе речат останатите, и сторете го тоа.

4. „Не сум совршен/а и тоа е сосема во ред“

Навистина, многу често се соочуваме со моменти во кои првиот впечаток е најважен и кога имаме неколку минути да заблескаме. Во тие моменти совршеноста е единствениот прифатлив исход. Но, да бидеме реални – ниту една личност не е совршена. Даваме сè што можеме за да бидеме најдобрата верзија од себе, а околината, роднините и клиентите ќе ни кажат што е она што треба да го подобриме, за да бидеме речиси совршени.

(2)-7-afirmativni-rechenici-koi-uspeshnite-lugje-postojano-si-gi-govorat-www.kafepauza

5. „Требаше тоа подобро да го направам“

Успешните луѓе не очекуваат да бидат совршени, но сметаат дека секогаш можат подобро. Навечер, кога одмарате, размислувајте за тоа како сте го поминале денот. Мислете си на она што било добро, потоа помислете и на нештата што не сте ги завршиле баш најдобро, за да можете следниот пат да се подобрите. Преземете одговорност и ветете си дека ќе вложите многу повеќе.

6. „Ќе ги почитувам луѓето чијашто работа не се вреднува доволно“

Некои професии бараат повеќе напор, отколку вештини. Доставувањето пакети, намирници, проверката на клиенти и чистењето се задачи кои сами по себе се релативно лесни, но разликата е во вложениот напор. Затоа потрудете се да понудите нешто повеќе од едно обично „благодарам“ на луѓето кои ги извршуваат овие задачи. Насмевнете им се. Погледнете го тој човек в очи. Разменете неколку љубезни зборови. Верувајте, веднаш ќе ви биде вратено со иста мера и можеби ќе добиете пријател/познаник за цел живот.

7.„Ако ништо друго, секогаш можам да работам повеќе“

Можеби немате доволно искуство, ниту доволно контакти во светот на бизнисот, а не сте ниту особено талентирани во одредена област, но не заборавајте, секогаш можете да работите повеќе. Па, дури и да ги имате сите горенаведени особини, работата се подразбира. А, уште понапорната работа ќе може да го надополни она во што заостанувате. Дури и кога ви се чини дека сè е против вас, вложениот труд и истрајноста можат да бидат ваши предности. Тоа се предности со кои никогаш нема да бидете губитник, туку добитник.

(3)-7-afirmativni-rechenici-koi-uspeshnite-lugje-postojano-si-gi-govorat-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар