7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

Марк Твен е роден во 1871 година, како Семјуел Ленгхорн Клеменс во Флорида, Мисури, САД. Тој бил писател и предавач. Го нарекуваат најголемиот американски хуморист на своето време. Ги напишал новелите „Авантурите на Том Соер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“.

Тој има напишано одлични дела кои и денес ги читаат милиони луѓе. Исто така, неколку негови моќни цитати, и денес продолжуваат да живеат заради големата мудрост во нив. Марк Твен беше забавен, духовит и мудар човек. Следниве 7 цитати ќе ве вчудовидат, просветлат и ќе ве развеселат.

7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

„Сум поминал низ некои тешки работи во животот. Некои од нив всушност се случија.“

Во животот премногу размислуваме за работи кои никогаш нема да се случат. Се грижиме и се плашиме за работи кои не се имаат случено и веројатно никогаш нема да се случат.

Нашите умови не се под наша контрола. Нашите глави се полни со негативни мисли кои немаат реална основа, дури и кога мислиме дека имаат.

Возможно е да се елиминираат лошите мисли, преку методите како EFT (систем на лекување кој го намалува нивото на стрес, кој пак е основа за многу болести) и The Work (идентификување и испитување на мислите кои причинуваат страв, насилство, депресија, фрустрација и страдање). Не е лесно, но обидувањето вреди.

„За 20 години, ќе бидете поразочарани за работите кои не сте ги направиле одошто од работите кои сте ги направиле. Затоа, фрлете ги јажињата. Отпловете далеку од сигурното пристаниште. Почувствувајте ги различните ветрови додека пловите. Истражувајте. Сонувајте. Откривајте.“

Сите сакаме да се чувствуваме сигурно. Но, најдобрите животни искуства се случуваат кога не мислиме на сигурноста и поаѓаме напред кон она што вистински го сакаме, без разлика дали притоа се чувствуваме сигурни или не.

Често се бориме со ова животно правило. Се самоспречуваме да направиме некои работи зашто не сме сигурни како ќе излезат на крајот. Премногу се грижиме за нашата иднина.

Во реалноста, не знаеме што ќе донесе иднината. Дури и да имате милиони евра во банка, може да ги изгубите за еден ден. Дури ни најздравиот човек на светот, не може да биде потполно сигурен за своето здравје

7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

„Кога луѓето ни покажуваат дека не нè почитуваат, тоа многу нè навредува. Сепак, длабоко во своето срце, ниеден човек не се почитува доволно себеси.“

Замислете ситуација кога нешто лошо ви се случило. Можеби некој ве навредил или направил нешто со што вие не сте се согласувале. Колку често си го враќате филмот во главата откако сè ќе заврши? Со повторувањето на лошите мисли во главата, си покажуваме на самите себе дека не се почитуваме, што пак, прави да се чувствуваме и однесуваме лошо, кон себеси и кон другите.

„Тајната на постигнувањето повеќе е во тоа дека треба да започнете. Тајната на започнувањето е во кршење на комплексните неиздржливи задачи на мали изводливи задачи и потоа, почнување со првата.“

Трагањето по сопствените соништа може да делува како неиздржлива задача, но тоа е бидејќи се обидувате да визуелизирате нешто во главата што не може да се визуелизира.

Твен е во право кога зборува за делење на работите на помали делчиња. Ова помага бидејќи можете да имате слика во главата за тоа како треба да изгледа крајниот резултат. Наместо да размислувате: „Треба да започнам некој онлајн бизнис“, почнете со: „Мора да отворам блог“. Ако сакате да одите по одреден пат, скршете ја сложената слика на делови. Упростете ја.

7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

„Кога сте лути, бројте до 4. Кога сте многу лути, пцујте.“

Добар и смешен цитат. Всушност, овие кратки реченици носат порака дека не треба да се донесуваат одлуки во лутина. Луѓето не се однесуваат нормално кога се лути. Им се истураат на другите и уште повеќе ги влошуваат работите во својот живот.

Следниот пат кога ќе се вознемирите, пробајте да изборите до 4 или уште подобро, нека биде до 10. Смирете се и преспијте го донесувањето на одлуката.

„Не велете дека светот ви го должи животот. Не ви должи ништо, тој бил создаден пред вас.“

Сте се чувствувале некогаш дека заслужувате нешто, а не сте го добиле тоа? Сигурно да, на сите ни се случува тоа. Оваа мисла не влијае добро. Ве држи заглавени во едно место, наместо да ве ослободи да се движите напред. Што ако сите работи не се случуваат совршено, како што би требало да се случат? Прилагодете се и продолжете да чекорите по животниот пат.

Којзнае… можеби негативниот исход од нешто не бил толку негативен. Често работите се случуваат со причина, па она што ви се чинело негативно, може да има навистина позитивен пресврт.

„Храброста е отпор кон стравот, но надвладување на стравот, а не негово непостоење.

Успешните луѓе не се бестрашни. Никој не е. Лесно е да верувате дека ако се ослободите од вашите стравови, сè ќе биде во ред, но тоа е само изговор за да не започнете со нешто ново. Секогаш ќе чувствувате малку страв кога ќе запливувате во непознатото. Но, не дозволувајте тоа да ве спречи. Напротив, искористете го како гориво за да ве одржи во движење.

7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

Ги прочитавте животните лекции од Алберт Ајнштајн?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. grlica Reply

    sekogas sum go citala MARK TVEN pa i vo ovie utinski casovi koga zapocnuva prvoot raboten den od nedelata koga treba JAS da odlucam dali da vlezam vo kajceto i da otplovam

Напиши одговор на grlica Откажи одговор