7 масла кои ќе го трансформираат вашиот изглед за 7 дена

Одморот е секогаш ненадеен, дури и кога е планиран со месеци. Многу од нас почнуваат доцна со подготвување, без разлика дали станува збор за куферот или за нашето тело.

(8)7-masla-koi-kje-go-transformiraat-vashiot-izgled-za-7-dena-kafepauza.mk

Во вакви случаи, погледнете ги овие 7 чудотворни масла кои ќе ја задржат вашата природна убавина и ќе ве подготват за летните одмори.

1. Масло од сусам за здрави заби

(1)7-masla-koi-kje-go-transformiraat-vashiot-izgled-za-7-dena-kafepauza.mk

Маслото од сусам содржи бројни витамински киселини и елементи. Исплакнете ја устата со ова масло, и вашите заби ќе добијат побела боја, истовремено подобрувајќи го здравјето на непцата и јазикот. Исто така ќе ве штити и од кариес.

Течност за уста

Состојки:

  • 1 лажица масло од сусам
  • 1/2 лажица сода бикарбона
  • 60 милилитри топла вода

Што да правите:

  • Ставете го маслото и плакнете 15-20 минути.
  • Маслото би требало да ја промени бојата на вашите заби во бела. Ако ова не се случило, плакнете уште малку.
  • На крај исплакнете ја устата со растворот од вода и сода бикарбона. Измијте ги забите и јазикот.

2. Масло од хибискус за раст на косата

(2)7-masla-koi-kje-go-transformiraat-vashiot-izgled-za-7-dena-kafepauza.mk

Хибискусот е токму она што ѝ е потребно на тенката коса. Витаминот Ц кој се наоѓа во маслото го зголемува колагенот на косата, додека аминокиселините ги хранат и зајакнуваат нејзините корења.

Шампон од масло од хибискус
  • Ставете 3 капки масло од хибискус во 100 милилитри шампон.
  • Нанесете го шампонот на мокра коса, масирајте ја главата и оставете да делува 2-3 минути.
  • Измијте ја косата со топла вода, и повторете доколку има потреба. Потоа нанесете регенератор за коса.

Ако имате светла коса, консултирајте со вашиот фризер, бидејќи маслото од хибискус може да ја смени бојата на косата.

3. Масло од рицинус за веѓи и трепки

(3)7-masla-koi-kje-go-transformiraat-vashiot-izgled-za-7-dena-kafepauza.mk

Единствениот недостаток на маслото од рицинус е неговиот мирис. Ова масло го подобрува метаболизмот на клетките, го спречува паѓањето на влакната, нивното сушење и ги штити од топлина и сонце.

Маскара од масло од рицинус

Состојки:

  • Празно шише од маскара
  • 3-4 милилитри масло од рицинус

Што да правите:

  • Секоја маскара содржи силикон кој се топи на висока температура. Измијте ги четката и шишето со топла вода за да ја отстраните целата маскара од нив.
  • Наполнете го шишето со рицинусово масло и чувајте го на топло, но не на премногу жешко место.
  • Нанесувајте од маскарата на вашите веѓи и трепки пред спиење.

Првите резултати ќе ги забележите по само една недела, а за две недели вашите трепки ќе станат значително подолги.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар