7 машки навики кои не делуваат привлечно, но всушност се многу секси

7 машки навики кои не делуваат привлечно, но всушност се многу секси

Понекогаш мажите прават чудни, непривлечни работи кои сепак им се допаѓаат на жените. Дали станува збор за феромони или за безусловна љубов не е важно. Најважно е тоа што тие машки навики се едноставни неодоливи за жените. Понекогаш и несексуалните работи знаат да бидат магнетно привлечни. Ова се 7-те непривлечни нешта кај мажите што ги привлекуваат жените…

7 машки навики кои не делуваат привлечно, но всушност се многу секси

1. Кога ќе заборават да стават дезодоранс

Телесниот мирис на нашиот партнер природно нѐ привлекува. Можеби помислата да го прегрнете испотеното тело на партнерот по вежбање ви делува одвратно, но за некои жени тоа е многу привлечно. Во секој случај, сигурни сме дека дури и тогаш кога вашиот сакан ќе заборави да стави дезодоранс, неговиот природен мирис има магнетен ефект на вас.

2. Кога креваат тешки работи

Не постои сомнеж дека жените се силни, но на сите дами понекогаш им треба маж за да подигне нешто тешко или да достигне некој предмет од високите полици. Тука нема ништо лошо. Освен тоа, мора да признаете дека мажите се многу привлечни кога креваат тежок мебел или ви помагаат да се преселите. Не станува збор за мажественоста што ја покажуваат во тој момент, туку за фактот што се грижат за вас доволно за да ви помогнат.

3. Кога навистина ве слушаат

Вистинскиот партнер сака да чуе како ви поминал денот. Тој сака да дознае за драмата што се случила кај вас на работа, сака да знае како е вашата пријателка по раскинувањето и ве прашува како се чувствувате. Нема ништо попривлечно од маж кој навистина ве слуша не затоа што мора, туку затоа што сака. Има нешто неодоливо кај момците кои ве слушаат и гледаат внимателно, се смеат на вашите шеги и одговараат кога тоа е потребно.

7 машки навики кои не делуваат привлечно, но всушност се многу секси

4. Кога се грижат за вас додека сте болни

Болеста не е воопшто секси. Замислете си ја следнава ситуација: Имате стомачен вирус, постојано ви се повраќа и одите во тоалет по 100 пати на ден. Но, тој сепак не ве остава сами и се грижи за вас. Кога вашиот партнер е тука за вас и ви кажува дека изгледате прекрасно без разлика колку сте одвратни, тоа е неверојатно привлечно. Сознанието дека имате човек кој ќе биде до вас и во добро и во зло, без оглед на сѐ, е просто неодоливо. Тоа е вистинска љубов!

5. Кога не се тушираат

Секако дека личната хигиена е многу важна, но мажите кои заборавиле да се истушираат понекогаш се многу привлечни. Тогаш нивниот природен мирис станува поинтензивен и добиваат неодолив изглед на бунтовници. Нормално дека во ваков случај нема сите мажи да ви бидат секси, но ако станува збор за вашиот сакан, со сигурност нема да можете да им одолеете на неговите мажествени феромони.

6. Начинот на кој одат

Можеби тој само се „влече“ по улица во широка облека, но не е важно! Ако сте многу вљубени во вашиот партнер, тогаш сигурно и неговиот од ви е неодоливо привлечен. Почнувате да ги препознавате неговите уникатни чекори и не можете да го тргнете погледот од неговиот самоуверен став додека шетате заедно.

7. Кога зборуваат за нешто што навистина им значи, а вие немате поим за што се работи

Разговорите за работа, спорт и автомобили можеби не ве интересираат, но кога мажите зборуваат за нив со огромна страст и возбуда, мора да признаете дека тоа е најпривлечното нешто на светот. Тука не е важно она што го зборуваат, туку начинот на кој го прават тоа. Неговата страст за работите што ги сака, ве принудува и вие да почнете да ги сакате истите работи. Кога искрено го сакате и цените вашиот партнер, почнувате да ги сакате и работите што го прават среќен, бидејќи можете да забележите колку му значат.

Еве уште неколку нешта кои ги прават мажите неодоливо привлечни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. , Reply

    Da da, mnogu e privlecno ispoten i usmrden da go gusnes

Напиши одговор на , Откажи одговор