7 машки гестови кои говорат многу повеќе од „те сакам“

7 машки гестови кои говорат многу повеќе од „те сакам“

Слатките зборови „Те сакам“, како за жените, така и за мажите, имаат многу длабоко значење, па токму затоа и понекогаш е тешко да се изговорат. Што се однесува до делата, тие се многу посилни од зборовите, па преку самите гестови можете и да откриете дали тој навистина се грижи за вас или не. Еве како…

7 машки гестови кои говорат многу повеќе од „те сакам“

1. Долги и страсни бакнежи

Бакнежите со затворени очи во кои усните ви остануваат долго споени, а здивот длабок и страстен, е еден од најемотивните моменти во љубовните врски. Ако често ви се случува ова, вие премногу му значите.

2. Насмевка по бакнеж

Бакнежот е преполн со силни емоции, но тоа што се случува по него, може да биде уште поемотивно. Ако забележите дека веднаш по бакнежот тој ве набљудува и лесно се смешка, тогаш без сомнение покрај себе имате заљубен маж.

3. Ве слуша и набљудува додека говорите

Следете го неговиот поглед и тој ќе ви открие многу нешта за неговите емоции. Доколку забележите дека ве набљудува, дека погледот му е на вашите усни, а потоа кон вашите очи и внимателно го следи секој ваш збор, тогаш можете да бидете сигурни дека ве љуби.

4. Сака секаде да оди со вас

Мажите не се луди за шопинг, но ако тој навистина ве сака, нема да му пречи да ви прави друштво додека шетате покрај излозите. Заљубениот маж е подготвен да одвои цело попладне за активност која не му се допаѓа само за да ја види својата сакана среќна.

5. Ве следи со поглед од далеку

Кога сте на јавно место, како кафуле или ноќен клуб, и ви се случи да се оддалечите, вашите погледи одвреме-навреме се сретнуваат со цел да се погрижите дека се наоѓате во вашиот видокруг. Ова се случува само кога постојат силни емоции.

6. Постојано е дотеран кога е во ваше друштво

Кога се договарате за вечерно излегување, прошетка низ градот или пак, шопинг, тој секогаш доаѓа дотеран, намирисан и изгледа едноставно беспрекорно. Тоа не го прави само за себе, туку и за да ви покаже дека тој е во најдоброто светло покрај вас.

7. Спонтано ве допира во јавност

Кога сте заедно во ресторан или кафуле, тој ја става раката на вашиот грб додека одите, ве допира за бедрото додека седите или едноставно ве задржува за рака. Сите овие однесувања се знаци за длабоки и силни емоции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    dobro ova ne e nisto novo… ocigledni indikacii deka mu se dopagjate…

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор