7 лоши навики за кои не сте знаеле дека им штетат на вашите стапала

7 лоши навики за кои не сте знаеле дека им штетат на вашите стапала

Ако никогаш не сте имале посериозни проблеми со стапалата, тогаш најверојатно воопшто не ни помислувате на нив. Меѓутоа, тие можат многу да влијаат на целокупната состојба на организмот, па за нивното здравје би требало почесто и подобро да се грижите. Секако избегнувајте ги лошите навики кои ви ги откриваме во продолжение.

2-7-loshi-naviki-za-koi-ne-ste-znaele-deka-im-shtetat-na-vashite-stapala-www.kafepauza.mk_

1. Претесни чорапи и хулахопки

Немојте да носите претесни чорапи или хулахопки, бидејќи лесно може да дојде до прекин на циркулацијата. Ако секојдневно седите осум или повеќе часа, мрдајте со прстите и со зглобовите под масата и немојте да седите со прекрстени нозе.

2. Прегрубо триење

Никој не сака груби и испукани пети, но премногу честото триење и отстранување на тврдата кожа во домашни услови, може да создаде поголема штета отколку корист. Слично како и кај бричењето, кожата ќе стане уште потврда и полесно ќе пука, а заради премногу честата „нега“ ќе ризикувате и инфекции.

3. Претесни обувки

Избегнувајте ги премногу тесните обувки од синтетички материјали. Претераното потење на нозете може да предизвика создавање непријатни габички. Стапалата едноставно мора да дишат.

4. Чепкање на меурите и блистерите на стапалата

Меурите на стапалата може да бидат доста непријатни, болни и во некои случаи да го отежнуваат извршувањето на секојдневните активности. Но, никогаш не се обидувајте да ги отстраните сами. Ризикот од инфекции е преголем. За помош обратете се кај експерти.

1-7-loshi-naviki-za-koi-ne-ste-znaele-deka-im-shtetat-na-vashite-stapala-www.kafepauza.mk_

5. Занемарување на болните стапала

Ако имате проблеми со болни потколеници и потечени стапала, повеќе одмарајте, а можете да испробате и купка од морска сол. Во 2-3 литри топла вода додајте една рака морска сол, лажичка сода бикарбона и лажичка нане. Ставете ги стапалата да постојат околу 15 минути и избришете ги со крпа.

6. Секојдневно носите апостолки

Апостолките се создадени само за летниот одмор, бидејќи нè забавуваат и во нив сме несигурни, стапалата не се заштитени од бактерии, а секојдневното носење лошо влијае на држењето на телото. Стапалата премногу „работат“, бидејќи мора да ги задржат обувките на нозете, а тоа долгорочно може да влијае и на држењето.

7. Знаци за предупредување

Повремените проблеми со стапалата може да упатуваат на почетна состојба на некои многу поголеми здравствени проблеми. На пример, честите грчеви во нозете може да бидат знак за недостаток на одредени витамини, а студените нозе може да укажуваат на проблеми со тироидната жлезда.

Што ќе се случи доколку секојдневно ги масирате вашите стапала?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар