7 љубовни врски кои секој сака да ги доживее

Уште како деца сонуваме за големи љубови, принцези или принцови на бел коњ. Колку сказните, филмовите и книгите влијаат врз нашата перцепција за љубовните врски? Ова се 7 романси кои најчесто ги среќаваме во филмовите и книгите и повеќе или помалку посакуваме да ги доживееме.

1. Забранета љубов

Нема кој не знае за „Ромео и Јулија“, една од најпознатите љубовни приказни во историјата на човештвото. Што ја прави оваа љубов толку посебна и возбудлива? Забранетоста, се разбира. Да се биде во ваква врска е возбудливо, и на некој начин е адреналинско доживување. И двете страни се трудат да ја чуваат љубовта во тајност или да се изборат за неа, а тоа е навистина романтично. Забранетата љубов неретко е тема во многу филмови и книги.

7 љубовни врски кои секој сака да ги доживее

2. Љубов од детството

Нели се слатки приказните за оние кои се познаваат уште од деца и остануваат прекрасни пријатели и љубовни партнери? И двете страни знаат сè еден за друг, поминале низ толку многу нешта и биле заедно и во добро и во зло. Романсата меѓу двајца пријатели од детството е навистина слатка и има добра основа за понатамошно доградување на секое поле.

3. Омраза на прв поглед

Сме гледале вакви сцени во филмовите. И двајцата се заглавени на некое место и на некој начин приморани да потрошат одредено време еден со друг и на почетокот не можат да се поднесат. Барем во филмовите ова се најстрасните романси првично базирани на не баш толку позитивни чувства. Па звучи логично да им се даде шанса на луѓето, оној кој ужасно ве нервира на почеток, којзнае, можеби ќе биде вашата голема љубов во иднина?

4. Старо жарче

Сте се разделиле поради некоја причина, можеби сте живееле далеку еден од друг. По десетина години повторни се среќавате и го разгорувате жарчето кое одамна згаснало. Ќе бидете позрели и поискусни од порано. Да, баш звучи романтично.

7 љубовни врски кои секој сака да ги доживее

5. Љубов на прв поглед

Во моментот кога за првпат ќе ја/го здогледате ве привлекува како со магнет. Како што минува времето сè повеќе сте сигурни дека вашата проценка била правилна.

6. Тајна симпатија

Веќе со години се дружите и чувствувате нешто за него/неа, но сте премногу исплашени и несигурни во себе за да го признаете тоа. Кога конечно собирате храброст сфаќате дека и другата страна така се чувствувала цело време.

7. Од пријателство до љубов

Некое време се дружите и вашето другарство ви годи, сè додека еден ден не ви светне дека вие двајца би биле просто прекрасни на љубовно поле. После ќе можете да раскажувате како сè почнало со пријателство кое се претворило во романтична љубов.

Сите овие романси звучат навистина убаво во филмовите и книгите. Но колку е лесно да се спроведат во реалноста? Сте имале ли некое од горенаведените искуства?

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар