7 лекции од Никола Тесла за подобар живот

7 лекции од Никола Тесла за подобар живот

Некои од најголемите умови на нашето време ги сметале за лудаци, а и Никола Тесла не го избегнал тоа. Тој изнел многу чудни тврдења во текот на неговиот живот, а едно од нив е предвидувањето за безжичната комуникација. Тој научил многу важни животни лекции кои ги споделувал со целиот свет. Еве неколку од нив кои ќе ви помогнат да живеете позначаен и подобар живот.

7-lekcii-od-nikola-tesla-za-podobar-zhivot-kafepauza.mk

1. Не гледајте што прават другите

„Не ми е криво што ми ја украдоа идејата. Криво ми е што немаат ниту една своја.“

Наместо да се фокусирате на она што светот го зема од вас, фокусирајте се на она што можете да го дадете. И покрај безбројните тврдења дека неговите изуми биле украдени, Тесла сепак продолжил да работи на нив. Ако секој од нас го прави она што го прави среќен наместо да се грижи за сите други, можеби ќе живееме многу поразличен живот.

2. Гледањето навнатре ќе ви помогне да гледате појасно

„Уште од детството го насочував вниманието на мене. Ова ми предизвика многу страдање, но од сегашната гледна точка смета дека било прикриен благослов кој ме научил да ја ценам вредноста на интроспекцијата во одржувањето на животот.“

Рефлексијата е важен дел од вашата личност. Ако одвоите време за да погледнете внатре во себе, во вашите силни и слаби страни, ќе го пронајдете она што го сакате и ќе бидете во подобра форма да го постигнете.

3. Во ред е да бидете пред другите

„Оставете ѝ на иднината да ја каже вистината и да го оцени секој според неговата работа и достигнувања. Сегашноста е нивна, иднината за која навистина работев, е моја.“

Ако ви рекле дека сте луди или дека вашите идеи нема да функционираат, можеби ќе посакате да се откажете. Тесла нè потсетува дека вистинските креатори се помирени со тоа што луѓето не ги прифаќаат нивните идеи. Луѓето се развиваат и се откриваат на разни нивоа, и може да биде тешко ако се чувствувате сами во вашиот подвиг. Но не се откажувајте. Бидете горди на вашите способности и на вашиот сон.

4. Не престанувајте да учите и да читате

„Од сите работи, најмногу ги сакам книгите.“

Додека Интернетот е полн со информации и идеи, читањето книга е сè уште еден од најдобрите начини да научите нешто ново.

5. Бидете трпеливи и туркајте напред

„Научникот не цели кон брз резултат. Тој не очекува неговите напредни идеи веднаш да бидат прифатени. Неговата работа е за иднината. Неговата должност е да ги постави темелите за следните генерации и да им го покаже патот.“

Трпеливоста им е најдобар другар на креативните личности. Некои писатели чекаат недели, месеци, па дури и години за нова идеја. Сликарите се обидуваат да ги спојат боите, а научниците поминуваат безброј ноќи надевајќи се дека ќе им успее експериментот. Немојте да се грижите ако ви е потребно подолго време за да ви се оствари сонот. Само упорно работете на него.

6. Не престанувајте да создавате

„Изумот е најважниот производ од креативниот човечки ум. Најважната цел е целосно владеење на умот над материјалниот свет, искористување на човечката природа за човековите потреби.“

Без разлика што ви велат, не престанувајте да создавате работи. На светот му е потребно повеќе од она што го нудите и иако не изгледа така, вашата креативност го менува светот на начин кој не можете ни да го замислите.

7. Парите не се сè

„Парите немаат толкава вредност колку што му придава човекот. Сите мои пари беа инвестирани во експерименти со кои дојдов до нови откритија кои барем малку го олеснија човечкиот живот.“

Во модерниот свет луѓето бараат бизнис идеи и изуми кои вредат милиони. Тесла нè охрабрува да создаваме заради креативноста. Ако има награда – одлично, ако не – самата креација е доволна награда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар