7 козметички грешки кои прават да изгледате и до 10 години постарo

7 козметички грешки кои прават да изгледате и до 10 години постарo

Сите жени сакаат со помош на шминката да скријат некои ситни недостатоци на лицето, како што се акните, малите брчки и пегите, а потоа да ги нагласат своите предности, како долгите трепки, полните усни или изразените јаболчници. Но, понекогаш желбата за разубавување може да доведе до сосема спротивен ефект. Токму затоа, доколку не сакате да изгледате постаро, внимавајте на следниве неколку грешки…

7 козметички грешки кои прават да изгледате и до 10 години постарo

1. Тешка подлога

Нанесувањето повеќе слоеви подлога во комбинација со течната пудра е навика која многу ѝ штети на кожата. Наместо да ги сокриете ситните линии кои ги откриваат вашите години, со тешката подлога вие само дополнително ќе ги нагласите тие несовршености. Токму затоа одберете провидна подлога со рефлектирачки честички кои визуелно ќе го освежат вашиот тен.

2. Дебел слој коректор

Истото важи и за нанесувањето на коректорот. Кожата околу очите е многу потенка, па токму затоа со секое претерување вие само дополнително ќе ги нагласите темните кругови под очите, брчките и другите несовршености. Одбирајте нежни и квалитетни коректори од кои ви се потребни само неколку капки за да го изедначите тенот.

3. Претерување со сенката за очи

Бисерните сенки за очи можат секојдневната шминка да ја трансформираат во гламурозен изглед за само неколку секунди. Но, избегнувајте да ја нанесувате оваа сенка врз надворешниот раб од капакот на очите бидејќи на тој начин ќе ги нагласите ситните брчки во аглите на очите. Наместо тоа, со бисерната сенка нагласете ги внатрешните агли на очите со цел да го „отворите“ погледот и да се подмладите за неколку години.

4. Претерување со маскарата и моливот за очи

Нежно нанесената маскара на трепките ќе ги нагласи вашите очи и ќе го разубави вашето лице. Но, избегнувајте нанесување маскара на долните трепки бидејќи на тој начин ќе го насочите вниманието кон брчките под очите и истовремено ќе ги нагласите и темните кругови под очите. Исто така, поради истите причините, избегнувајте и на долниот дел од капакот да нанесувате молив за очи.

5. Руменило на јаболчниците

Нанесувањето руменило директно на јаболчниците ќе го насочи вниманието на кожата која полека почнала да ја губи својата еластичност. Наместо тоа насмејте се и со соодветна четка поминете само на истакнатиот дел од образите. Исто така не одбирајте кое било руменило – на посветлата кожа одговараат многу нежна розова боја или боја на праска, додека пак, на потемната кожа потребно е да се нанесе малку посилна боја.

6. Невнимателно нанесување кармин

Доколку претходно не ги исцртате усните со молив, а потоа нанесете кармин, се ставате во опасност бојата од карминот да ви се размачка и да ви ги нагласи ситните брчки во аглите. Доколку сакате визуелно поголеми усни, користете молив за очи неколку нијанси посветол од карминот, или обратно, користете потемна нијанса доколку сакате да ги намалите усните.

7. Камена пудра

Пудрата во прав мора да се нанесе многу внимателно и треба да се користи само за да се намали сјајот на вашето лице. Со други зборови, користете ја само на зоната Т која ги вклучува челото, линијата на носот и брадата. Доколку ја нанесувате на целото лице, ќе го добиете спротивниот ефект и наместо мазно, на дневна светлина вашата кожа ќе изгледа рапаво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар