7 изненадувачко корисни работи од преселување во град каде што никого не познавате

Ако сте израснале во мал град, тогаш од мали сте слушале како луѓето велат дека тоа е „пензионерски град“, бидејќи таму луѓето доаѓаат за да умрат. Сите знаат за сè, и сите знаат за сечија работа. Не можете ниту да отидете до малиот маркет, а да не сретнете некого кого го познавате. Имате чувство дека сите знаат што сте појадувале тоа утро, а да не зборуваме за тоа дека кога одите, имате чувство како прво да оди вашето минато, па вие. Но, некогаш ќе пораснете и ќе созреете и тогаш ќе дојде тој момент. Моментот кога ќе соберете храброст и ќе одлучите да заминете да живеете во град во кого никого не познавате. Тој потег е застрашувачки, но истовремено е и ослободувачки. Сега сте слободни и можете одново да го започнете вашиот живот.

1-7-iznenaduvachko-korisni-raboti-od-preseluvanjeto-vo-grav-vo-kogo-nikogo-ne-poznavate-www.kafepauza.mk_

1. Можете да отидете во маркет, а да не видите некој што ви се допаѓа

Многумина од нас не се фанови на излегување од домот, бидејќи ќе сретнат барем три познајници од средно училиште. Вие повеќе не сте таа личност и можеби не ви се допаѓа начинот на кој луѓето ве паметат. Можеби тие нема да ви го кажат тоа, но вие знаете што мислат и судат. Сега, нема да морате да ги гледате луѓето кои ви будат негативни чувства и ќе можете да излезете од дома во кое било време.

2. Можете да измислите потполно нова верзија од себе

Не е важно каква етикета сте носеле во вашето родно место, која сте ја стекнале со текот на времето. Бидејќи, откако ќе се иселите, никој не ве познава, а вие имате прилика да започнете од почеток со нова етикета. Ќе можете да одлучите како сакате да се знае за вас во овој нов град.

3. Ќе можете да стекнете нови пријатели кои немаат однапред предрасуди за вас

Никој не ја знае вашата приказна, сè додека вие не бидете подготвени да ја споделите. Овде никој нема да го знае секој детаљ од вашето минато.

4. Ќе можете полесно да ги пуштите луѓето од вашиот живот кои не ви се потребни

Понекогаш во нашиот живот имаме луѓе кои не се баш добри за нас, но ние ги толерираме. Тешко е да ги пуштите луѓето кои морате да ги гледате цело време. Бидејќи тие повеќе не ви се на дофат на рака, многу е полесно да ги отстраните од вашиот живот, а да не доживеете застрашувачки последици.

2-7-iznenaduvachko-korisni-raboti-od-preseluvanjeto-vo-grav-vo-kogo-nikogo-ne-poznavate-www.kafepauza.mk_

5. Можете да истражите кои сте вие навистина

Понекогаш мислењето на другите може да има силно влијание на она што го правиме или што не го правиме со себе. Можеби нечии силни уверувања против нешто, ве спречиле истото да го истражите за себе. Без разлика дали е во прашање вашата сексуалност, новата кариера, некои промени во изгледот, нови религии или само нов начин на живот, слободни сте да го направите тоа без да слушате нечии негативности.

6. Можете да одите во нови авантури

Без оглед на тоа колку нови нешта сте направиле во вашиот роден град, тоа секогаш изгледа како веќе да сте го направиле. Животот во основа е откритие, кое вие сте го виделе на исто место веќе милион пати. Но, во новиот град можностите се бескрајни, бидејќи сè е некако свежо и возбудливо. Тоа е ново подрачје кое е спремно за да зачекорите по него.

7. Можете да одлучите да живеете од денес

Во новото место во кое не знаете никого, лесно е да паднете во депресија, бидејќи сте сами. Изборот е на вас. Искористете го овој ден за ново искуство. Тргнете, истражете го новиот живот, новиот град, новите луѓе, новите можности и создадете нови спомени во вашиот живот.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар