7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

Сода бикарбоната може да се примени на различни начини во домаќинството, од состојка која ќе го потпомогне растењето на тестото, до средство за отстранување на непријатната миризба во фрижидерот. Но, сте ги знаеле ли нејзините козметички примени?

7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

Уште старите Египќани користеле смеса слична на сода бикарбоната наместо сапун за бањање. Ова соединение има антисептички, антигабичен и ексфолирачки ефект. Еве како да ги искористите неговите својства и поинаку да го примените во секојдневниот живот:

1. Мијте ги забите за природен избелувачки ефект

7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

Повеќето пасти за заби содржат содиум лаурил сулфат како примарна состојка, која го предизвикува пенењето. Ваквите пасти може да имаат негативни ефекти, како хиперсензитивност на забите и непцата. Доколку не сакате супероксид во вашата уста, подобра опција за белење на вашите заби е сода бикарбоната. Ставете малку на четкичкта или за подобар ефект, комбинирајте ја со паста за заби без споменатата состојка (барајте ознака „SLS free“). Згора на тоа, содата го неутрализира лошиот здив.

2. Чистете го лицето со здрав ексфолијант

7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

Триењето на лицето со груби гелови за пилинг и ексфолијација на кожата не е добро за вашето лице, бидејќи нејзиниот горен слој ви треба за да ве штити од навлегување на нечистотиите и за одржување на нејзината влажност.

Ако сакате да го триете вашето лице, подобро правете го тоа со природни состојки. Искомбинирајте сода бикарбона со една лажичка мед и истријте го лицето со смесата. Маската можете да ја оставите да делува една минута или пак веднаш да го исплакнете лицето. Оваа маска има освежувачки и смирувачки ефект, а делува и против создавање акни. Можете да ја примените и на стапалата и на лактите. За затегнување на кожата и чистење од црнки направете маска од сода бикарбона и портокал.

3. Направете си дезодоранс со вашиот омилен мирис

7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

Измешајте 4 лажици сода бикарбона со 10 капки од вашето омилено есенцијално масло и нанесете малку под пазувите. Иако ова звучи како женски рецепт, постојат и многу мажествени мириси како маслото од кедарово дрво. Девојките можат да ја сместат смесата во празно кутивче од руж за да можат да го користат домашно приготвениот дезодоранс повеќе пати во текот на денот, чувајќи го секогаш на дофат во својата чанта. За нанесување, најдобро е да користите четкичка.

4. Исушете го непоканетиот гостин на вашиот образ

7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

Измешајте малку сода и вода и нанесете ја добиената смеса директно на акната на вашата кожа. Овој метод е одличен за брзо сушење на површинските акни, но не е препорачливо за третирање длабоки цисти.

5. Темелно измијте ја косата

7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

Доколку сакате да ја намалите употребата на шампон или пак темелно да отстраните некои средства кои се длабоко навлезени во коренот на вашето влакно, еве го рецептот што треба да го приготвите. Наполнете една чаша со топла вода и ставете една лажица сода бикарбона. Понесете го природно приготвениот препарат со вас во бањата. Намокрете ја косата и потоа исипете ја смесата убаво насекаде. Исчешлајте ја косата и потоа исплакнете ја. Плакнете додека да се изгуби лизгавото чувство.

6. Смирете го стомакот

7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

Киселините, честото создавање гасови и други проблеми со стомакот може брзо да се ублажат со помош на содата поради нејзините алкални својства кои ги неутрализираат киселините што го предизвикуваат проблемот. Измешајте мала лажичка сода бикарбона во чаша со топла вода и испијте ја течноста наеднаш. Многу брзо ќе почувствувате олеснување.

7. Наполнете ја кадата со вода и сода

7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

Растворете малку сода бикарбона во вашата полна када. Ќе почувствувате смирување и омекнување на кожата, а покрај тоа, не мора ни да употребите сапун, што понекогаш може да биде и добро.

Знаете ли некои други интересни примени на сода бикарбоната?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Lizard Reply

    Се става во кондури/патики за да ја ублажи миризбата 😉

  2. zaklina Reply

    pomeshana so med se koristi za lecenje na afti vo usnata shuplina.

  3. farmacevt Reply

    nikako ne ja upotrebuvajte za suzbivanje na kiselini vo zeludnik…reverzna reakcija na hiperaciditet ke ja vloshi sostojbata…najlosh nachin za “reshavanje” na problemot

    • maja Reply

      @ Farmacevt,
      Bravo, samo sto sakav istoto da go pisam….samo ke se nadrzani zeludnikot poveke kiselina da laci

      • DOMAKINKA Reply

        OOOF LELEEEE…OVOJ DEL OD KOMENTAROT BIL POGRESHEN…EPA DRAGA MAJA I FARMACEVT…TOGASH JOGURTOT I KISELOTO MLEKO SE NAJDOBRI VO OVOJ SLUCAJ…TAKA?

  4. maja Reply

    па, ‘домаќинке’……за болен стомак помага чајче од нане(ова ти го пишува човек што си има гастритис, па знае). Инаку, да за стомак, кисели млечни производи се супер за стомак, бидејќи со своите микро-култури ја помагаат цревната флора. Сигурно ти кажале дека за не ти се оштети желудникот од антибиотици и силни аналгетици, да пиеш многу јогурт?

  5. крис Reply

    За миење заби и бањање во када со сода никако!
    Содата прави промена на пх вредноста и се добива кандида.
    Пастата за заби содржи сода, во доволни количини, не треба плус да се додава и да се претерува.

  6. bubale Reply

    I Promivanje so soda pomaga protiv kandida intimata ima kisela ph, od iskuatvo i pienjeto chista soda pomaga za chistenje na organizmot od istata bakterija, pomaga za pocvrsti nepca i netakozenje na kamenec dedomi ima zabi ko konj a pushi ko turchin i ne mu se zolti nit rasipani. Lekot e 5 pari i treba da se znae

  7. stefi Reply

    vadi kamnec od solja samo se narosuva vrz kamenecot i se ostava da deluva podobar e i od polirapid

  8. tanja Reply

    se stava vo masina za perenje zaedno so prasakot edno kafeno lazice koga se perat beli alista

  9. BettyBoop Reply

    неколку лажици сода растворете ја во вода и ставете ја во фрижидерот, ја отстранува непријатната миризба

Остави коментар