7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

Во тинејџерските години толку се опседнувавме со изгледот, што со цел да изгледаме што подобро и тренди, понекогаш претерувавме и постигнувавме ефекти како веѓи во облик на сперматозоиди или изглед на ракун. Еве кои се 7-те грешки кои ги прави секоја тинејџерка и 7-те начини на кои се справува денес со нив.

1. Премногу исчупани веѓи. Колку и да чупате, постојано има вишок, сè до моментот кога ќе остане само црта од неколку влакна. Најлош е ефектот кога задебелениот дел на почетокот останува значително подебел од останатиот дел на веѓата со што се добива изглед на сперматозоид.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

Денес: Грешките од минатото ги трпиме денес. Недостатокот на влакна на веѓите го покриваме со нанесување пудра и исцртување со трајно моливче за веѓи.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

2. Изгорена коса. Ако имавте кадрава коса, сигурно не ви беа доволни пеглите за коса, па редовно легнувавте на даската за пеглање алишта за да го постигнете посакуваниот ефект. Ако пак имавте мерак за кадрици како на принцеза, веројатно не ви е непознато претераното горење на косата со фигаро.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

Денес: Се враќате на природниот изглед. Ви здодеаја фарбите и горењето со електрични уреди.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

3. Изглед на ракун. Стававте толку многу креон во очите што целите ви стануваа крвави. Ефект – поглед како на ракун.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

Денес: Добро е што таа фаза помина. Сега практикувате посуптилна шминка во стилот мачкини очи.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

4. Протези во боја. Ви изгледаше многу кул кога станаа достапни протезите во разни бои, но, да бидеме реални, ефектот е како да ви пораснале светликави печурки во устата.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

Денес: Ако сè уште имате потреба од исправување на забите, се одлучувате за најкласичната варијанта. Нема ништо срамно во тоа да се носат протези како возрасен, но едно предупредување – избегнете ги гумичките во боја кои создаваат ефект како да ви се заглавила храна помеѓу забите.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

5. Фризури кои нанесуваат болка. Како тинејџерки мислевте дека што постегнато е опавчето, тоа подобро. Или можеби ве фати манијата за носење ситни плетенки?

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

Денес: Сега сакате што поопуштен изглед и чувство. Сакате фризура која ќе ја направите и нема да ја мислите. Пунџичка, обично опавче, кратка коса или излегување од бањата, благо гужвање со восок и очекување дека останатото само ќе си дојде на место – сè е подобра опција од намерното предизвикување главоболка.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

6. Премногу светки. Ви изгледаше многу кул да ви светка целото лице, дури и да не ви се познава лицето под светките. :)

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

Денес: Светкавиот ефект внимателно го вметнувате во целокупниот изглед.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

7. Премногу шминка. Многу сакавте да се шминкате. Понекогаш дури човек да се запраша дали има лице на шминката или обратно.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

Денес: Опуштен, префинет изглед. Инвестирате во скапи четки и шминки и се трудите да го извадите максимумот за парите кои сте ги дале.

7 грешки за убавина кои сите ги прават како тинејџерки

Има некоја тинејџерска лудост која сте ја направиле во име на убавината, која би сакале да ја споделите?

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар