7 грешки при изборот на куче

Ако сте решиле вашата љубов кон кучињата да ја реализирате така што ќе купите или пак ќе вдомите куче–скитник, веројатно моментално ги поминувате среќните моменти исполнети со игра со вашиот нов пријател. Сепак, за сѐ да тече како што треба, обидете се да ги избегнете овие седум грешки, кои честопати се прават при изборот на куче.7 грешки при изборот на куче

Видете го кучето пред да го купите

Немојте да го купите кучето пред да го видите лично. Ако сте решиле да го чувате во следните години, тогаш морате да знаете дали лае по цел ден, дали напаѓа други кучиња или луѓе и слични работи кои би биле клучни при вашиот избор. Секојдневната пракса вие само да ја изберете расата и возраста, а некој друг да ви донесе куче дома е ризична, исто како и купувањето на кучето преку интернет.

Какво куче ви треба?

Кучињата кои секогаш сакаат да си играат се многу интересни за потенцијалните сопственици, но ако вие не сте премногу активна личност, брзо ќе ви помине меракот и ќе сакате да се вратите на други активности, за разлика од вашиот нов пријател кој ќе остане исфрустриран. Многумина кои водат физички активен живот, мислат дека им одговара некоја поенергична раса кучиња, но тоа ќе важи само ако вашите и активностите на кучето се поклопуваат. Ако играте фудбал или кошарка со пријателите, тука не можете да го вклучите и кучето. После спортувањето ќе се вратите дома уморни, а вашето куче нетрпеливо ќе ве чека да си играте уште три часа со него пред да се туширате. Доколку пак, сте тип кој не спортува многу, мрзливо куче може да ви го направи денот уште поздодевен.7 грешки при изборот на куче

На кучето не му одговара вашиот дом

На големите кучиња им требаат големи домови. Не смеете ниту да помислите да чувате шарпланинец во стан од 50 квадрати. Ако пак, планирате наскоро да се преселите од мал стан во куќа со голем двор, најдобро е да почекате со купување куче кое било одгледано да трча по планини и да чува овци.

Кучињата се митарат

Без исклучок, сите кучиња го менуваат влакното, а тоа е уште еден проблем за кој може да зажалите при изборот на кучето. Некои кучиња испуштаат малку влакна, но од влакната кои им испаѓаат на некои други раси, може да се сплете и џемпер, па може да имате непријатни ситуации со хаосот настанат од нивното расфрлање насекаде по вашиот дом. При изборот на кучето мора превид да го имате времето кое сакате да го посветите на чистење по него и околу него.7 грешки при изборот на куче

Какво е вашето секојдневие?

Ако најголемиот дел од денот не го поминувате дома, можеби би требало да го оставите купувањето куче за некои други времиња. Тоа е одговорност која не можете туку така да им ја оставите на другите членови на семејството, додека вие денот го минувате на работа или се забавувате со пријателите, додека на вашето куче му е неопходно друштво во текот на денот.

Мислите дека не мора да го дресирате

Погрешно е да мислите дека може да чувате недресирано куче без кога-тогаш да имате проблеми со него. Прекрасно е да приберете кај вас напуштено кученце, но имајте предвид дека таквите честопати биле гладни и малтретирани од страна на луѓето и ќе им треба време за да се навикнат на новите околности. Најдобро би било да земете веќе дресирано куче, или пак ако прибирате куче-скитник, да го однесете кај тренер.7 грешки при изборот на куче

Кучето нема засекогаш да биде мало и слатко

Ако ве привлекува идејата да имате мало слатко кученце со кое сите ќе сакаат да си играат, а ќе биде само ваше и тоа е главната причина поради која решивте да го купите, тогаш сте на прагот да направите грешка. Малото самојатче е неодоливо, но за неколку месеци тоа се претвора во вистински џин кој бара храна колку едно дете, па кога ќе бирате какво куче ќе чувате, мора да го имате предвид и овој факт.7 грешки при изборот на куче


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Mihaela Reply

    ептен е слатко тоа кученцето на последната слика… да не знае некој која раса е? :)

  2. Baby Reply

    Ако се водите според ова значи дека не сте вистински љубители на куче. Дали лае? Па куче е, што треба да прави??!! не трудете се да се прилагодите на кучето, кучето секогаш ке се прилагоди на вас и на тоа што му го нудите. А се што му треба се одвоено внимание и љубов, а тоа ќе ви врати тродупло повеќе.. повеќе и од тоа што можете да замислите. Така да, не размислувајте.. куче си е куче, било каква раса, било какво крзно и должина на влако, ќе те сака и слуша безусловно бидејки е најдобриот пријател што човекот може да го има. Само доколку чувате ваков миленик дома ќе знаете каква среќа, радост и љубов ке ви пружи.
    И, ВДОМЕТЕ, не купувајте.. ќе ви биде неизмерно благодарно цел живот. Што значи дека при изборот на куче, единствено што е важно е да бидете сигурни дека сте вистински љубител на нив!!! :))

  3. Lady Reply

    Bravo baby, kompletno te poddrzuvam i se slozuvam so se sto kaza.

  4. simona Reply

    браво авторе во право се сеа ќе ви пратам нешто за куче што е смешно кај едни луѓе прочитајте го на интернет го најдов еве*********Песот го оставаат на терасата по цел ден. Таму, на балконот моча и врши нужда, а од цевката на нивната тераса, сето тоа капе точно пред влезот во зградата. Ние секој ден минуваме од тука, не само ние – и нашите гости, внуци, соседи, се жалат жителите од зградата број 2 на ул. Волгоградск…. ХАХАХАХАХАХАХХАХАХАХАХАХАХХААААААААА

Остави коментар