7 факти што сите идни мајки мора да ги знаат за првите недели по породувањето

7 факти што сите идни мајки мора да ги знаат за првите недели по породувањето

Во текот на бременоста идните мајки ќе слушнат многу совети и многу нови информации за тоа што ги очекува, но постојат неколку теми што поискусните жени редовно ги испуштаат од разговорот. За да ви помогнеме подобро да се подготвите за првите недели од мајчинството, ви откриваме 7 факти кои никој не им ги кажува на новите мајки…

1-7-fakti-koi-novite-majki-ne-gi-znaat-vo-prvite-denovi-od-majchinstvoto-www.kafepauza.mk_

1. Ќе крвавите неколку недели после породувањето

После породувањето доаѓа до крвавење кое изгледа исто како и она во текот на менструалниот циклус. Тоа може да потрае и до неколку недели после породувањето и во текот на тоа време ќе мора да носите хигиенски влошки. Станува збор за сосема нормален процес, но секако обратете се кај вашиот доктор доколку сте загрижени.

2. Ќе изгледате како да сте бремени, иако повеќе не сте

Женското тело после породувањето нема веднаш да се врати во состојбата пред бременоста. Вашиот стомак после породувањето може да изгледа округло и потечено, а тоа не е поврзано само со тежината. На матката едноставно ѝ е потребно време за да се стегне и да се врати во својата нормална големина и форма.

2-7-fakti-koi-novite-majki-ne-gi-znaat-vo-prvite-denovi-od-majchinstvoto-www.kafepauza.mk_

3. Доењето не е интуитивно

Доењето е нешто што ќе го научите низ пракса и нема многу врска со интуицијата. Принципот на обиди и грешки ќе биде задолжителен, а добро е да се советувате со пријателките кои веќе поминале низ овој процес и со разна литература за да бидете поподготвени. Исто така, никако немојте да ја игнорирате болката доколку ја почувствувате.

4. Ќе сфатите дека вашиот живот пред детето е засекогаш завршен

Ќе постои еден момент кога целосно ќе сфатите дека не можете да се вратите во минатото и дека вашиот живот пред детето е засекогаш завршен. Тоа сфаќање ќе биде малку застрашувачко и исцрпувачко, бидејќи се впуштате во потполно нов живот. Но, немојте да се срамите ако одвреме-навреме се присетите на добрите, стари времиња.

5. Ќе го проверувате детето на секои 5 секунди

Од друга страна пак, тоа дека сте станале мајка ќе ви изгледа толку нереално што едноставно секој буден момент ќе го искористите за да се уверите дека вашето бебе е во ред. Затоа најверојатно на секои 5 секунди ќе се потсетувате дека сте одговорни за тоа мало чудо и ќе проверувате дали е сѐ во најдобар ред.

3-7-fakti-koi-novite-majki-ne-gi-znaat-vo-prvite-denovi-od-majchinstvoto-www.kafepauza.mk_

6. Ќе немате желба да излезете надвор од домот

Не грижете се, тоа е сосема нормално, бидејќи сте нова мајка. Секако дека кога-тогаш ќе излезете надвор, но нема потреба за брзање. Важно е да создадете своја рутина во домот, да поминувате време со бебето, да се чувствувате пријатно и да уживате во удобноста на сопствениот дом.

7. Ќе пребарувате секакви ситници по Интернет

Вашето дете ќе направи нешто чудно и вие веднаш ќе се загрижите и ќе побарате помош од Интернетот за да дознаете некоја информација во истиот тој момент. Такво пребарување ќе извршувате во секоја доба од денот и ноќта, за секоја ситница.

Телото после породувањето минува низ бројни промени, а за овие промени жените се срамат да зборуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар