7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома

Супер би било доколку сите дома имавме посебна соба за фитнес. Но бидејќи тоа е само далечен сон на повеќето луѓе, еве неколку едноставни вежби за кои не ви се потребни специјални направи, а можат многу да ви помогнат при зацврстување на вашите мускули. За да ви биде забавно додека вежбате, пуштете музика или некој филм.

1. Пешачење

Доколку времето ви дозволува, излезете на кратка прошетка околу вашиот дом. Ако пак времето си има други планови, прошетката можете да ја направите и во домот. Ако имате скали во близина, искористете ги за загревање. Качете се и симнете се неколку пати по нив. Ако сметате дека тоа е премногу лесно за вас, земете корпа со испрани алишта или неколку шишиња вода кои ќе ви послужат како тегови. Во случај да немате скали во близина, не грижете се, како за почеток завртете неколку кругови во вашиот дом.

7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома

2. Скокови за истегнување

Овие скокови секогаш се забавни и се добар начин да се потсетите на часовите по физичко во основно и во средно. Тие исто така се одлични кардио вежби и совршени за загревање на вашето тело.

7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома

3. Склекови

И покрај тоа што повеќето луѓе не ги преферираат бидејќи се тешки, постојат неколку трикови при нивното правење кои ќе ви ги олеснат, но истовремено ќе го задржат истиот ефект врз вашето тело. Наместо да ги држите нозете исправени, потпрете се на вашите колена и правете ги побрзо. Кога ќе почувствувате дека ви стануваат лесни, пробајте го истото само со едната рака зад грб.

7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома

4. Вежби со подигнување на нозете

И покрај тоа што правилно е да ги држите нозете исправени при подигнувањето, за почеток можете малку да ги свиткате кај колената. Има неколку комбинации на оваа вежба. Паралелно подигнување на двете нозе или наизменично. Кога ќе почнете да ги чувствувате како многу лесни, правете ги во комбинација со вежбата за стомачни мускули.

7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома

5. Џогирање во место

Оваа вежба можете да ја правите во ритамот на музиката или пак додека гледате некоја ТВ серија или филм. Се препорачува да носите добри патики, за да се намали притисокот на вашите стапала.

7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома

6. Клекнувања

Одлични вежби за зацврстување на вашите нозе и задник. За подобар ефект земете нешто потешко во вашите раце (шишиња вода, конзервирано овошје…) и ќе почувствувате разлика за само една недела. Доколку веќе имате кондиција за оваа вежба пробајте да ја правите со скокање.

7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома

7. Танцување

Сами сте дома? Пуштете музика и почнете со танцување. Никој не ве гледа така да можете целосно да се опуштите со движењата… Скокајте, трчајте и забавувајте се низ вашиот дом. Танцувањето е одлично за вашето срце, а доколку го практикувате секојдневно, може многу да ви помогне во одржување на вашата телесна тежина.

7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. maxx Reply

    Taa na 5tata slika e Zuzana, ima svoj blog za vezbi i ima mn strashno telo 😀 😀

Остави коментар