7-дневна детоксикација од шеќер

7-дневна детоксикација од шеќер

Да бидеме реални, време е вие и шеќерот да направите мала пауза. Сите ги знаеме опасните ефекти врз здравјето кои тој може да ги предизвика, па токму затоа одвреме-навреме е добро малку да го одморите вашето тело од него.

7-дневна детоксикација од шеќер

Бидејќи не секој може да го издржи постепеното одвикнување, понекогаш многу поуспешно е доколку го направите тоа одеднаш. Неколку истражувања покажале дека доколку нагло се откажете од внесувањето шеќер, најголемите последици, како главоболката, лошото расположение и потребата за шеќерот, се повлекуваат во период од 7 дена. Токму затоа погледнете го овој 7-дневен план за детоксикација кој ќе ви помогне полесно да го исфрлите шеќерот од вашиот живот.

Ден 1

Појадок: 3 јајца + спанаќ

Ужина: Боровинки + сирови бадеми

Ручек: Рукола + туна + маслиново масло + оцет

Вечера: Зеленчук пржен во малку масло + стек

Ден 2

Појадок: Зелено смуди

Ужина: Макадамии

Ручек: Авокадо +ситно сецкано пилешко

Вечера: Лосос + грашок

Ден 3

Појадок: Вегетаријански омлет

Ужина: Црно кафе со млеко и путер

Ручек: Хумус + краставици

Вечера: Сендвич со пилешко и марула

Ден 4

Појадок: Варени јајца

Ужина: Јаболка + путер од бадеми

Ручек: Огромна вегетаријанска салата

Вечера: Стек + 1/2 печен сладок компир

Ден 5

Појадок: Зелено смуди

Ужина: Житни плочки

Ручек: Туна + краставици

Вечера: Спанаќ и киноа подготвени во пилешка супа

Ден 6

Појадок: Кајгана со сланина

Ужина: Житни плочки

Ручек: Авокадо + киноа + домати + сол и бибер

Вечера: Сендвич со стек и марула

Ден 7

Појадок: Комбуха + сирови бадеми

Ужина: 1/2 авокадо

Ручек: Хумус + моркови

Вечера: Пилешко + салата со рукола и боровинки

Доколку го следите овој план за детоксикација, тогаш потребни ви се и следниве неколку совети со цел да имате подобар успех…

1. Одмарајте се. Веднаш по вечерата подгответе се за спиење. На тој начин потребите за благо кои се јавуваат во текот на ноќта ќе бидат намалени до минимум. Исто така доколку му дозволите на вашето тело да се одмори подобро, тоа нема да бара други начини на зголемување на својата енергија.

2. Имајте постојано ужина покрај вас. Сировите лешници и бадеми се одлични борци против потребата за благо во текот на денот.

3. Пијте вода. Одржувајте го вашето тело хидрирано, особено оваа недела додека сте на овој план за детоксикација. Покрај водата, можете да пиете и незасладен чај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар