7-дневен план за вежбање со цел да изгледате одлично голи

7-дневен план за вежбање со цел да изгледате одлично голи

Дали ви е здодеано да се пресоблекувате набрзина со цел да избегнете да се гледате во огледало? Дали се чувствувате неудобно во вашата кожа? Можеби е време да направите промена во вашиот живот која ќе ви помогне да се чувствувате одлично кога сте голи! Доколку редовно вежбате и правите поздрав избор во исхраната, тогаш без сомнение ќе изгледате жешко и без облека. Сакате да добиете поголема самодоверба? Следете го следниов 7-дневен план со цел вашето тело да стане секси и силно, а доколку сакате уште подобри резултати, повторувајте го и понатаму.

7-дневен план за да изгледате одлично голи

Ден 1: Обујте ги вашите омилени штикли

За намените на оваа вежба треба да заборавите на патиките и да вежбате во високи потпетици. Можеби ви звучи малку нетрадиционално, но на овој начин не само што ќе ја скршите досадата туку и инстантно ќе добиете повисока самодоверба.

Ден 2: Фокусирајте се на вашиот задник

Вие ќе се чувствувате одлично во својата кожа доколку редовно одвојувате време за вежби кои се однесуваат на обликување на вашиот задник. За само 15 минути ќе можете да ги почувствувате ефектите и ќе бидете чекор поблизу до задник кој без сомнение ќе привлекува внимание.

Ден 3: Оформете ги вашите стомачни мускули

Третиот ден од овој 7-дневен план е целосно насочен кон затегнување и тонирање на вашите стомачни мускули. Оваа вежба која е водена од тренери со огромен ентузијазам ќе ви помогне да ја добиете најдобрата активност која води до совршен стомак.

Ден 4: Почувствувајте ја енергијата

Оставете го чоколадото и зграбете ја вашата спортска облека. Со помош на овие интензивни вежби, на 4-от ден вие многу добро ќе се изморите и испотите. По завршувањето на вежбањето, ставете пешкир околу вашиот врат и изедете една јаболка.

Ден 5: Вклучете ги теговите

Зголемете го топењето на калориите така што ќе поминете низ оваа 28-минутна рутина за вежбање. Со помош на овие кардио вежби, вие совршено ќе го обликувате вашето тело и ќе бидете доволно силни за да го зголемите интензитетот на вашиот фитнес распоред.

Ден 6: Чувствувајте се одлично

Овој ден треба да работите малку повеќе со цел да го доведете вашето тело до совршенство. По завршувањето на овие вежби од 23 минути, вие не само што ќе бидете испотени, туку нема да можете ни да ја намалите насмевката на вашето лице. Па ајде, што чекате?

Ден 7: Вежбајте со целото тело

Овој ден поставете си огромен предизвик и одвојте 1 час и 8 минути за вежби кои се однесуваат на целото тело. Откако ќе завршите, вашето тело, од глава до пети, ќе ви биде благодарно за издржливоста и трудот. Па, подготвени сте да почнете? Ве предизвикуваме!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар