7 делови од телото кои не смеете да ги допирате со „голи“ раце

7 делови од телото кои не смеете да ги допирате со „голи“ раце

Истражувањата ни покажуваат дека рацете се најчестите преносители на бактерии поради кои се разболуваме. Дури и кога редовно ги миеме рацете, со дланките и прстите допираме различни површини во околината, понекогаш дури и несвесно, па токму затоа преку нив можеме да си го доведеме нашето здравје во ризик. Опасноста од болести се зголемува доколку носите накит или пак, долги нокти кои се добро познати по собирањето нечистотии. Па, кои делови од телото треба да избегнувате да ги допирате со цел да се заштитите?

7 делови од телото кои не смеете да ги допирате со „голи“ раце

1. Лице

Допирањето на лицето со прстите треба да биде сведено на минимум, односно да се ограничите на утринско миење, шминкање и мачкање со крема. Кога допирате нечиста површина, а потоа ги потпирате прстите на лицето, вие се изложувате на ризик од различни видови кожни инфекции.

2. Ушна школка

Ставањето на прстите или било кои други предмети во ушната школка го загрозува здравјето на вашиот ушен канал. Кожата во овој дел од телото е исклучително тенка, па токму затоа е и склона на воспаленија. Докторите предупредуваат дека честото чешање во ушите може да биде причина за голем број медицински состојби кои бараат соодветен третман. Токму затоа, ако често чувствувате дека ве чешаат ушите, подобро посетете го вашиот лекар.

3. Очи

Допирањето на очите е дозволено само доколку ставате контактни леќи или се обидувате да извадите некое парче нечистотија. Било кој друг вид допирање на вашите очи може да доведе до црвенило како и до сериозни инфекции. Доколку често ви се случува да имате суви и иритирани очи, веднаш обратете се кај вашиот доктор.

4. Усна шуплина

Едно неодамнешно британско истражување ни покажува дека кога на луѓето им е здодевно на работа, тие и до 20 пати во текот на еден час ги ставаат своите прсти во уста. Студијата исто така покажала и дека третина од сите зарази во телото се пренесуваат токму на овој начин.

5. Носна шуплина

Престанете да „копате“ во вашиот нос со прстите. Оние личности кои имаат навика да „чепкаат“ во својот нос имаат и до 51% повеќе шанси да се здобијат со стафилококи. Оваа бактерија е една од најчестите инфекции кои се пренесуваат на овој начин.

6. Областа под ноктите

Експертите советуваат да имате што е можно пократки нокти, бидејќи кожата под нив е исклучително чувствителна и претставува еден вид „џеб“ за задржување опасни бактерии од околината. Опасноста е уште поголема доколку не го чистите редовно овој дел.

7. Задник

Бришењето со тоалетна хартија по извршувањето на големата нужда и миењето на овој дел за време на бањањето е максималниот контакт кој треба да го имате со вашиот задник. Според докторите, пределот околу анусот содржи бактерии кои можат да бидат потенцијално штетни за вашето здравје и токму затоа темелно мијте ги рацете по секој контакт со овој дел од телото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар