7 брутално искрени причини зошто повеќето модерни жени не сакаат деца

Многу жени растат со верувањето дека еден ден ќе имаат сопруг и деца. Тоа е „нормалното“ нешто кое треба да го направат. Но, многу од нив колку повеќе размислуваат, толку повеќе сфаќаат дека не сакаат деца. Тие можеби немаат ништо против децата, но едноставно немаат желба да создадат семејство. Погледнете 7 од причините кои стојат зад овој избор.

7-brutalno-iskreni-prichini-zoshto-povekjeto-moderni-zheni-ne-sakaat-deca-kafepauza.mk

1. Сите природни проблеми би се намалиле ако има помалку луѓе на планетата

Навистина е болно да ги наречете жените кои не сакаат деца себични. Кога ќе ги разгледате најопасните проблеми во природата, речиси секој од нив потекнува од големиот број луѓе на Земјата. Ние едноставно консумираме и уништуваме премногу.

2. Можеби не сакаат да пренесат некои ментални проблеми

Постојат многу жени кои страдаат од анксиозност и депресија, и други ментални болести. Тие не би можеле да гледаат како нивното дете да поминува низ истото, па не сакаат да создадат нов живот знаејќи дека постои ризик и малото да ги има истите проблем.

3. Бременоста предизвикува многу физички промени

Дури и во 21-от век, раѓањето е страшен (а понекогаш и опасен) физички процес. Некои жени едноставно не сакаат да поминат низ тоа. Од друга страна пак, многу жени се посветени на својата кариера и не можат да одвојат доволно време за да се адаптираат на физичките промени кои доаѓаат со бременоста.

4. Децата може да страдаат од климатската промена

Да бидеме искрени, климатските промени само се влошуваат. Екстремните температури се почести, нивото на океаните расте, а воздухот не станува почист. Многу жени размислуваат дека кога нивните деца ќе пораснат, временските услови ќе бидат уште полоши.

5. Сè уште сакаат да патуваат

Патувањето со деца е навистина тешко. Можеби некоја жена сака да ја проба уличната храна во Виетнам, да се искачи на Монт Еверест, да се забавува на некоја плажа во Тајланд… Многу жени се сè уште млади и сакаат да искусат сè што животот може да им понуди.

6. Повеќе сакаат да ги потрошат парите во добротворни цели

Имањето деца е скапо. Па, наместо да ѝ помагаат само на една личност, тие можеби сакаат да донираат пари во организации кои им помагаат на илјадници луѓе. Што ако баш нивните пари ќе им помогнат децата во Африка да добијат образование и соодветна здравствена нега? Луѓето мислат дека оние кои немаат деца сакаат да ги трошат парите само за себе. Но пред да судите за тоа, размислете.

7. Тоа сепак е нивен живот!

Денес и не е толку голем срам да немате деца. Навистина е потребно да бидете силна жена за да го кажете тоа. Сепак, ова е ваш живот и ако сте среќни без деца, продолжете така.

Погледнете ги и најголемите заблуди за паровите кои немаат деца.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар