6 знаци дека сте премногу зафатени и дека ви е потребен одмор

6 знаци дека сте премногу зафатени и дека ви е потребен одмор

Понекогаш не сте ни свесни дека постојано работите сè додека некој не ви каже колку уморно изгледате. Знаците за претераното работење може да бидат очигледни, но може да бидат и суптилни. Често вашето тело ќе ви даде знак кога е време да забавите, но веројатно речиси никогаш не го слушате.

6 знаци дека сте премногу зафатени и дека ви е потребен одмор

Сигурно знаете дека не можете да го дадете најдоброто од себе ако работите повеќе отколку што можете да издржите. Најдобриот начин да успеете и во професионалниот и во приватниот живот е да се грижите за вашите ум, тело и дух. Во продолжение погледнете ги знаците кои покажуваат дека премногу сте зафатени и дека е време да се одморите.

1. Заборавате настани

Ако постојано ги заборавате плановите кои сте ги направиле, голема е веројатноста да сте ментално презафатени. Истражувањата покажале дека хроничниот стрес може да има директно влијание на вашата меморија. Ако сте заборавиле некој настан 3 пати овој месец, време е да сфатите дека всушност премногу сте зафатени.

2. Постојано имате главоболка

Дали секој ден имате главоболки? На овој начин вашето тело ве „моли“ да забавите. Главоболките може да бидат поради дехидратација или поради големиот стрес. Како и да е, потребно е да им обрнете внимание и да се одморите наместо да пиете апчиња против болка.

3. Често се разболувате

Ако сте настинати, имате грип или постојано кашлате, можно е вашиот имунитет да ослабел поради претераното работење. Постојаниот стрес на подолг период има лошо влијание на вашиот имунитет. Токму поради ова потребно е да се одморите ако сте болни. Направете пауза барем еден ден, наспијте се и вашето тело ќе ви биде благодарно.

4. Изгледа како да преживувате

Ако не можете да се сетите кога последен пат сте имале контрола над вашиот распоред, можеби треба да размислите колку сте зафатени. Погледнете го вашиот неделен распоред. Имате ли време да здивнете? Ако не, потребно е да најдете време и за тоа. Доволно ви се 5 до 10 минути длабоко дишење или тивка медитација за да го подобрите менталното здравје.

5. Јадете додека правите нешто друго

Јадењето „од нога“ не е добро. Ако секогаш јадете за време на состаноци, или појадувате додека одите на работа, го влошувате и физичкото и менталното здравје. Начинот на којшто јадете е исто толку важен колку и храната што ја консумирате. Кога ќе му обрнете внимание на оброкот, ќе ја изедете вистинската количина и ќе се чувствувате сити. Покрај тоа ќе имате и неколку минути за себе.

6. Никогаш не се грижите за себе

Кога последен пат сте направиле нешто за себе? Ако немате време за релаксација, тогаш целата ваша работа е залудна. Во просек, среќните луѓе имаат подолг и поздрав живот. Па, без разлика колку напорно работите, важно е да уживате и во животот. Одвојте еден викенд само за вас, без разлика дали ќе го поминете дома гледајќи серии или ќе излезете на пијачка со пријателите.

Погледнете ги и овие трикови за победување на уморот на работното место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар