6 знаци дека сте подготвени за зрела и сериозна врска

Дали некогаш сте се запрашале како некои луѓе наоѓаат љубов толку лесно? Еден ден се разбудиле, решиле дека сакаат да си најдат партнер и веќе наредна недела тие започнуваат сериозна врска. Сигурно сте си помислиле дека имале многу среќа. Но, тоа не е вистина. Не се работи за среќа, туку за подготвеност. Можеби мислите дека сте подготвени за сериозна врска ако сте завршиле факултет, сте почнале да живеете сами и добро заработувате. Меѓутоа, подготвеноста зависи од начинот на размислување, а не од животните околности. Ова се 6-те знаци што ќе ви покажат дека сте подготвени за зрела и сериозна врска…

6 знаци дека сте подготвени за зрела и сериозна врска

1. Имате место во животот за врска

Сите сме зафатени со нашите пренатрупани распореди и друштвени обврски што треба да ги исполниме за да ја задржиме блискоста со семејството и пријателите. Да не ги спомнуваме и хобијата, дополнителните проекти и обидот да се остане во форма со вежбање. И покрај сите овие задолженија, вие со задоволство би вовеле промени во вашиот дневен план за да поминете време со саканата личност. Можете да бидете флексибилни. Вие не наоѓате малку слободно време еднаш во неколку недели, туку еднаш на неколку дена. Креативни сте и имате успешен љубовен живот.

2. Сакате врска, но не ви е потребна

Вие не чекате вашиот живот да започне тогаш кога ќе ја сретнете вистинската љубов. Со други зборови, вие патувате, си купувате живеалиште, инвестирате, одите на концерти и и ги исполнувате вашите најголеми желби, без разлика дали имате сопатник или не. Вие сте независни и функционални. Сакате да го споделите животот со друга реализирана личност на здрав начин. Не чекате да се појави некој друг човек за да ви ја пополни духовната празнина.

3. Не се плашите да бидете сами

Ако знаете да уживате во сопственото друштво, тоа значи дека нема да ви пречи кога вашиот партнер ќе побара простор за да се фокусира на работата и семејството, без вас. Не очајувате и не праќате пасивно-агресивни пораки ако вашиот викенд заврши порано одошто сте си замислувале, туку се справувате со ситуацијата на зрел начин.

6 знаци дека сте подготвени за зрела и сериозна врска

4. Возбудени сте за целиот процес

Ако постојано им се жалите на пријателите дека не ви се оди на љубовни состаноци, тоа значи дека не зрачите со позитивна енергија и ентузијазам. Ќе бидете подготвени за вистинска врска кога ќе се интересирате за личноста со којашто се допишувате. Кога нема да можете да дочекате за да ви пише. Не ви е тешко да одговорите на прашањето „Како ти поминува денот?“, туку го правите тоа со задоволство.

5. Сте се ослободиле од листата на критериуми

Кога ќе запознаете некој сладок дечко или девојка, не ги „отпишувате“ веднаш само затоа што живеат повеќе од 10 минути подалеку од вас. Отворени сте за сите типови изглед и возрасти. Ќе знаете дека сте подготвени за врска кога ќе си го кажете следново „Делува многу интересно! Не ми пречи што е 5 години постар од момците со коишто обично излегувам. Треба да одам барем на една пијачка со него“.

6. Надежни сте

Не сте сигурни кога и како ќе се појави љубовта. Но, вашата трпелива верба не ве напушта и уверува дека тоа еден ден навистина ќе се случи. Повеќе не ви е грижа за изгледот, професијата и животот на вашиот иден партнер. Само сакате да бидете со некого во чие друштво ќе уживате и ќе се чувствувате пријатно. Подготвени сте да вложите труд во вашата вистинска љубов!

Доколку не сте сигурни како размислува личноста со којашто се гледате, прочитајте како да знаете дека сака сериозна врска.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар