6 знаци дека шефот ви спрема отказ од работа

6 знаци дека шефот ви спрема отказ од работа

Вие можеби ненадејно ќе ја примите информацијата за вашиот отказ, но шефот долго размислува за тоа пред да ве извести. Овие шест знаци се доказ дека тој можеби ја разгледува опцијата да ве ослободи од работните обврски, или пак суптилно ве мобира за сами да си одите.

6 знаци дека шефот ви спрема отказ од работа

1. Ви дава сè помалку работни обврски

Ако забележите дека задачите кои порано сте ги извршувале вие сега ги добива некој друг, веројатно веќе ве чувствуваат како вишок, а и вашиот шеф така гледа на вас. Истото важи и ако добивате повеќе слободни денови или порано ве пуштаат да си одите дома.

2. Тој и колегите почнуваат да ве избегнуваат

Ако тој почне да ве избегнува, веќе сака да ви даде до знаење дека не ве сака во негова близина. Истиот знак ќе ви го дадат и колегите кои се поблиски до него и некако дознале дека тој се спрема да се ослободи од вас.

3. Не ве викаат на состаноци

На состаноците се делат информации кои се од важност за работата, така што можете ова да го сметате за сигурен знак дека некој таму не ве сака повеќе на работа.

4. Се однесува чудно кога спомнувате годишен одмор

Ако тој знае дека нема да бидете вработени таму кога ќе дојде време за годишен одмор, тој ќе почне да се однесува чудно, да го избегнува разговорот или воопшто не сака да слуша за тоа.

5. Фирмата во која работите го сменила сопственикот

Можеби е продадена, можеби се споила со некоја друга фирма, а во таков случај новиот сопственик решава дали и колку од работниците ќе ги задржи.

6. Ви дал упатство за подобрување на вашата работа

Нестручното и несовесно извршување на работните задачи е основ поради кој можете да добиете отказ. Ако надредениот ви даде упатство за тоа како да го подобрите извршувањето на вашите задачи, тоа може да биде знак дека го спрема теренот да се ослободи од вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар