6 знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви каже

6 знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви каже

Сите имаме некои карактерни маани кои сакаме да исчезнат. Некои луѓе се екстравертни и сакаат да се социјализираат со другите, додека некои се интровертни и не можат да соберат храброст да речат ниту „Здраво“. Секој е различен и секој е способен да се промени, но, понекогаш вие сте тие кои треба да ја иницираат ваквата промена и да го направите првиот чекор. Посебно кога се работи за срамежливите и тивките припадници на посилниот пол.

6 знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви каже

Се разбира дека и вие се чувствувате несигурно и исплашено, бидејќи секогаш постои можноста да бидете одбиени. Но, верувајте, храброста многу често се исплати. Еве неколку знаци дека му се допаѓате, но е премногу срамежлив за да ви го каже тоа:

1. Постојано е околу вас

Оди во вашето омилено кафуле скоро секој ден. Ако работите заедно, почесто доаѓа во близина на вашето биро или седи покрај вас за време на ручекот. Го гледате почесто до апаратот за вода отколку кој било друг ваш колега.

Добар знак дека му се допаѓате, но премногу се срами да ви каже, е и ако се обидува постојано да биде во ваша близина, без притоа да ви го украде вашето „светло“ и да биде во центарот на вниманието. На овој начин се обидува да открие како да го направи првиот потег.

2. Тој е добар и фин е со вас

Не претерува, но прави работи кои секој добар пријател би ги направил за вас, иако не сте толку блиски. Тој без проблем ќе ви донесе кафе или пак, ќе го сподели својот ручек или што и да јаде во моментот (кога момците ја делат храната, тоа дефинитивно значи нешто). Секогаш е културен и ве почитува. И, најважно, кога е во ваша близина, чувство на топлина резонира од неговото тело.

3. Секогаш ви се насмевнува, но не го задржува контактот со очите

Всушност, вистината е дека не може да одолее да не ви се насмее, но не сака да го покаже тоа. Очајно сака да ве гледа во очите, но се плаши дека вие нема да сакате да го направите истото.

4. Го имате целото негово внимание

Кога разговарате, целиот негов фокус му е кон вас. Ова се случува дури и кога сте излезени со повеќе луѓе. Сигурно ве гледа дури и кога ништо не зборувате, но се обидува да го сокрие тоа.

5. Ви дава комплименти дури и за најмалите промени во вашиот изглед

Вашата нова фризура. Вашиот нов фустан. Новите чевли, марама, новата боја на кармин. Што и да сте промениле во изгледот, тој тоа ќе го прокоментира. На овој начин сака да ви покаже дека ве забележува. Секако, не ви дава толку комплименти колку што би сакал да ви даде, но, дефинитивно ќе ви даде една искрена пофалба кога ситуацијата така налага.

6. Не ве поканува на средба, иако вие веќе сфаќате дека му се допаѓате

Понекогаш, најдобрите момци се и најсрамежливи. Тие не се гледаат себеси како припадници на поагресивниот тип мажи, па потешко им е да прават работи за кои не се чувствуваат доволно храбри да ги направат. Но, со малку поголема самодоверба, сè ќе биде подобро.

На крајот од краиштата, ако и вам ви се допаѓа, тогаш вие направете го првиот чекор. Нема што да изгубите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар