6 земји каде што можете да студирате на англиски, бесплатно или со мала партиципација

6 земји каде што можете да студирате на англиски, бесплатно или со мала партиципација

Разгледајте ги студиските програми во овие шест земји доколку размислувате за студирање во странство. Таму не се плаќаат високи партиципации, а предвид мора да ги имате само трошоците за живот.

6 земји каде што можете да студирате на англиски бесплатно или со мала партиципација

Словенија

Школувањето на словенските државни универзитети е бесплатно за македонските студенти. Дополнителна олеснителна околност е што трошоците за живот се далеку пониски отколку во западноевропските држави, па затоа и нивните студиски програми се далеку подостапни. Словенечкиот јазик, исто како и македонскиот, спаѓа во групата на јужнословенски јазици и затоа лесно и брзо се учи, но ако сепак сакате да студирате на англиски, сите универзитети ја нудат таа можност за одредени програми.

Германија

Германија располага со бројни одлични универзитети, а голем дел од нив нудат и студирање на англиски јазик. Иако за мнозинството од вкупниот број на студиски програми бараат добри познавања на германскиот јазик, има и такви кои целосно се изведуваат на англиски и првенствено се наменети за странски студенти. За најголем дел од нив не е потребно ниту плаќање на партиципација.

Високото образование за домашните студенти и за оние кои доаѓаат од другите земји на ЕУ секогаш е бесплатно, а студиските програми на англиски јазик се делат на такви за кои се плаќа школарина и на такви за кои не се плаќа. Германските универзитети нудат бесплатни програми од областа на техничките науки, медицината, бизнисот итн. Секако, студентот сам си ги покрива трошоците за живот, кои варираат зависно од неговите навики и стандардот во местото на студирање и живеење, но во просек изнесуваат околу 800 евра месечно.

Франција

Мнозинството од француските универзитети бараат минимум Б2 ниво за познавање на францускиот јазик, но сè побројни се студиските програми каде што единствен услов во поглед на јазикот е доброто познавање на англискиот јазик. Државните универзитети се драстично поевтини во споредба со приватните. Се плаќа партиципација, но таа е доста мала. Годишниот износ е понизок дури и од нашите факултети: 189 евра за додипломски, 261 евра за мастер и 396 евра за докторски студии. Тоа се цени што се одредени со закон и важат и за домашните и за странските студенти. На тоа треба да додадете уште околу 800 евра месечно за трошоци за живот.

6 земји каде што можете да студирате на англиски бесплатно или со мала партиципација

Финска

Образованието во Финска е целосно бесплатно, а голем дел од програмите се изведуваат на англиски јазик. Без разлика за тоа дали сакате студирате технички, природни или општествени науки, не се плаќа никаква партиципација. Тоа важи и за домашни и за странски студенти, барем до 2016 година кога финската влада повторно ќе ја разгледува можноста за враќање на школарината за странски студенти.

Доколку не добие стипендија, студентот треба самиот да си ги покрие трошоците за живот. Неопходно е пред аплицирањето за виза да се обезбедат 560 евра за секој месец, односно 6.720 евра за цела година. По завршувањето на студиите, секој студент кој дипломирал на фински универзитет има право да побара продолжување на дозволата за престој за шест месеци со цел да најде работа. Ако успее во тоа, дозволата за престој му се продолжува по основ на вработување.

Норвешка

Ниту норвешките универзитети не наплаќаат за студирање на нивните државни универзитети, а при тоа даваат можност да се студира на англиски јазик. Потенцијалните студенти треба предвид да ги имаат и високите трошоци за живот во оваа богата нордиска земја. При аплицирањето за виза неопходно е да се достави доказ дека на сметката имате 10.500 евра за годината за која аплицирате.

Бразил

Бразил се обидува да стане атрактивна земја за странски студенти и затоа веќе нуди мастер студиски програми на англиски јазик. На државните универзитети никој не плаќа партиципација, а ниту на приватните најчесто таа не е повисока од неколку стотини евра годишно. Сепак, најголем дел од програмите се на португалски. Универзитетот во Сао Пауло, нивниот најдобро рангиран универзитет, се издвојува со програмите за студирање на англиски во областа на стоматологијата, земјоделските науки, алтернативните извори на енергија и лингвистиката. Трошоците за живот се движат слично како во западноевропските земји.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар