6 забавни активности кои согоруваат најмногу масти и калории во телото

Како што времето сè повеќе се затоплува, така теретаните и просториите за вежбање се празнат, затоа што луѓето преферираат да вежбаат надвор.

 6-zabavni-aktivnosti-koi-sogoruvaat-najmnogu-masti-i-kalorii-vo-teloto-kafepauza.mk

Поради тоа, пронајдовме 6 најфункционални забавни активности преку кои ќе согорувате најмногу масни ткива и калории, а и ќе го забрзате метаболизмот.

1. Возење ролери – согорува 425 калории за 30 минути

2.6-zabavni-aktivnosti-koi-sogoruvaat-najmnogu-masti-i-kalorii-vo-teloto-kafepauza.mk

Возењето ролери е број еден во согорување на масти и калории. Неговата максимална ефикасност доаѓа од наизменичните движења на бутовите и задните мускули на едната па на другата страна. Голем плус во возењето ролери е тоа што се постигнува силен ефект без притоа да се создава голем притисок врз колената и зглобовите. „Ролајте“ силно и во ист ритам.

За подобар ефект: „Ролајте“ 1 минута во умерен ритам, наместо да возите 1 минута силно.

2. Трчање – согорува 374 калории за 30 минути

7.6-zabavni-aktivnosti-koi-sogoruvaat-najmnogu-masti-i-kalorii-vo-teloto-kafepauza.mk

Луѓето кои често трчаат се мускулести, а причината за тоа е што кога трчате најголемите мускули потполно се користат. Нозете, бедрата, грбните и стомачните мускули согоруваат најмногу масти и калории во телото. За максимален резултат трчајте така што рацете ќе ги држите блиску до телото, не го носете горниот дел од телото напред и држете ги стапалата што поблиску до земјата. За да ги намалите ударите кога ги спуштате стапалата на земја, правете го тоа со средината на стапалото па со прстите.
За подобар ефект: Наизменично трчајте во брзи и бавни интервали или трчајте по ридови.

3. Скокање со јаже – согорува 340 калории за 30 минути

3.6-zabavni-aktivnosti-koi-sogoruvaat-najmnogu-masti-i-kalorii-vo-teloto-kafepauza.mk

За да го постигнете максимумот на секое прескокнување, користете јаже кое е долго до вашите рамена. Направете мал проред помеѓу нозете додека скокате, држете го телото исправено и скокајте со мала сила со цел нозете да останат поблиску до земјата. Оваа вежба можете да ја правите и без јажето, а резултатот ќе биде ист.

За подобар ефект: Често менувајте ја брзината (бавно и брзо), па стилот на скокање (отскокнување со двете нозе и со една нога) или прескокнувајте го јажето додека трчате.

4. Хулахоп – согорува 300 калории за 30 минути

4.6-zabavni-aktivnosti-koi-sogoruvaat-najmnogu-masti-i-kalorii-vo-teloto-kafepauza.mk

Почнете со едната нога поставена пред другата и префрлувајте ја тежината напред-назад, а во исто време правете кругови со телото. Не се грижете ако не сте толку добри во вртењето на хулахоп затоа што како почетници вие ќе согорите многу калории, а со вежбање вашите движења ќе се подобрат.

5. Тенис – согорува 272 калории за 30 минути

5.6-zabavni-aktivnosti-koi-sogoruvaat-najmnogu-masti-i-kalorii-vo-teloto-kafepauza.mk

Не ви треба партнер или тениско игралиште за да вежбате тенис. Сè што ви треба е рамен ѕид или гаражна врата од која може топчето да се одбива. Наизменично користете форхенд и бекхенд за да видите колку пати можете да го удрите топчето без да го промашите.

За подобар ефект: Пробајте да го удирате топчето 50 до 100 пати без прекин. Поставете ја оваа цел и така ќе се поттикнете да се трудите повеќе и да го зголемите резултатот.

6. Енергично одење – согорува 170 калории за 30 минути

6.6-zabavni-aktivnosti-koi-sogoruvaat-najmnogu-masti-i-kalorii-vo-teloto-kafepauza.mk

Мора да одите толку брзо што ќе ви биде тешко да разговарате. За да го постигнете максимумот од најголемите мускули кои согоруваат калори, мора да пешачите со кратки и брзи чекори, да се држите исправено и да ги движите рацете напред-назад.

За подобар ефект: 1 минута пешачете најбрзо што можете, наместо да одите 2 минути во енергичен ритам.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар