6 видови облека кои го кријат целулитот

Криењето на целулитот е предизвик кој обединува многу жени. Постојат неколку начини на кои можете да ја намалите видливоста на вашиот целулит. Најважно е да пиете многу вода и да се храните здраво. Исто така и некои вежби може да ви помогнат во тоа. Но, има и некои „помагала“ кои ќе ви ја олеснат работата. Погледнете за кои станува збор.

1. Мидер

(1)6-vidovi-obleka-koi-go-krijat-celulitot-kafepauza.mk

Секоја долна облека чија намена е да ве стегне го прикрива целулитот. Со мидер, секое парче облека ќе ви стои одлично.

2. Хеланки

(2)6-vidovi-obleka-koi-go-krijat-celulitot-kafepauza.mk

Постојат хеланки кои не ја покажуваат секоја несовршеност на кожата. Можеби ќе треба да платите повеќе за подебел модел што ќе ви ја даде потребната поддршка, но без сомнение вреди за резултатите. Се разбира, секогаш е подобро да одберете црна, или друга темна нијанса за целосно да го прикриете целулитот.

3. Костими за капење

(3)6-vidovi-obleka-koi-go-krijat-celulitot-kafepauza.mk

Многу девојки се срамат од својот целулит кога почнува летната сезона. Ако навистина ви пречи, можете да комбинирате горен дел од бикини, и долен дел од машки костим за капење. Или пак, можете да носите бикини со здолниште. И се разбира, овде се и наметките кои ќе ги прикријат деловите кои не ги сакате.

4. Дезени

(4)6-vidovi-obleka-koi-go-krijat-celulitot-kafepauza.mk

Додека светлите бои може да бидат ризични, дезените се вашиот пријател бидејќи го прикриваат целулитот. Нивната шара го одвлекува вниманието од вашите проблематични места.

5. Црна облека

(5)6-vidovi-obleka-koi-go-krijat-celulitot-kafepauza.mk

Црната боја не е само за хеланки кога станува збор за криењето целулит, туку и за панталони, здолништа и фустани. Познато е дека оваа боја прави да изгледате послабо и ги прикрива недостатоците.

6. Хулахопки

(6)6-vidovi-obleka-koi-go-krijat-celulitot-kafepauza.mk

Хулахопките не само што ќе ги направат вашите нозе да изгледаат потенки, туку ќе ги направат и помазни. Исто така има хулахопки кои се како потпора за вашите колкови, задник и нозе. Моделите со неутрална боја ќе го изедначат и тенот на вашите нозе.

Погледнете и што треба да знаете за целулитот ако сакате да се ослободите од него.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар