6 видови намирници кои треба да ги избегнувате кога сте настинати

6 видови намирници кои треба да ги избегнувате кога сте настинати

Кога сме болни или пак само нè боли грлото, топлиот чај и супата одлично ни делуваат. Но колку што тие се добри за настинка, толку други работи можат дополнително да ги влошат симптомите.

6 видови намирници кои треба да ги избегнувате кога сте настинати

1. Купечки овошни сокови

Цедените овошни сокови се полни со витамини и минерали кои му се потребни на организмот кога сме болни, но истово не важи за купечките сокови. Тие содржат многу шеќери кои се врзуваат со крвните клетки и ги крадат витамините од телото на тој начин ослабувајќи го имунитетот.

2. Пржена храна

Пржената храна не е добро да се конзумира дури ни кога сме здрави, но колку е штетна за телото кое е ослабено под влијание на вирус, можете само да претпоставите. Таа е полна со заситени масти кои тешко се разградуваат и можат значително да го нарушат дигестивниот систем на организмот кој во текот на болеста и онака не работи со полна сила.

3. Кафе

Точно дека кога сме болни треба да внесуваме повеќе течности во организмот, но кафето, односно кофеинот дејствува како силен диуретик кој може да предизвика дехидрација на веќе ослабениот организам.

4. Кисела храна

Овој вид храна треба да се избегнува од причина што може да ги интензивира симптомите на болеста како резултат на надразнување на веќе оштетената слузница. Избегнувајте кисело овошје, цитрусно, особено портокал, како и сува пиперка.

5. Млечни производи

Млечните производи содржат протеини и витамин Д кој помага во јакнење на организмот, но исто така го поттикнуваат и лачењето на природната слуз што може дополнително да го влоши кашлањето.

6. Алкохол

Исто како и кафето, и алкохолот ја исфрла течноста од телото и со тоа може да предизвика дехидрација, а ако го мешате пак со лекови, може да го намали нивното дејство. Иако познато е дека е здраво да се пие по една чаша вино на ден за зајакнување на имунитетот, кога сте болни, наместо тоа напијте се чај или природен сок.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар