6 видови храна и пијалаци што ја влошуваат настинката

6 видови храна и пијалаци што ја влошуваат настинката

Сите ние знаеме дека кога сме болни, топлиот чај или супа може да направи да се чувствуваме многу подобро и поздраво. Но, постојат и одредени видови храна и пијалаци што мора да ги избегнувате по секоја цена доколку сакате да не ги влошите симптомите. Еве за кои станува збор…

6 видови храна и пијалаци што ја влошуваат настинката

1. Купен овошен сок

Исцедените овошни сокови се преполни со витамини и минерали што му се потребни на болното тело, но тоа не важи и за соковите купени во продавница. Имено овие пијалаци содржат големи количини шеќер што ги „крадат“ витамините од телото, а со тоа и го ослабуваат имунитетот.

2. Пржена храна

Пржената храна не е добра за вас ни кога сте здрави, па замислете колку ви штети кога телото ви е ослабено од вирус. Таа е преполна со заситени масни киселини што се тешки за варење. Поради тоа и значајно го нарушуваат дигестивниот систем на организмот кој за време на болеста секако работи со намалена сила.

3. Кафе

За време на болеста мора да се зголеми консумирањето течности. Имајќи го тоа на ум, кафето, односно кофеинот што го содржи, делува како силен диуретик што може да предизвика дехидрација на веќе ослабениот организам.

4. Кисела храна

Без разлика за каков вид храна станува збор, ако е кисела, може дополнително да ја оштетите веќе оштетената слузница и со тоа да ги зајакнете симптомите на болеста. Ова правило исто така важи и за киселите овошја, како што се портокалите и мандарините.

5. Алкохол

Исто како и кафето, така и алкохолот ги исфрла течностите од телото а со тоа предизвикува дехидрација. Од друга страна пак, мешањето алкохол со одредени лекови може да го намали нивното дејство.

6. Млечни производи

Иако млечните производи содржат протеини и витамин Д што помагаат при зајакнување на организмот, тие истовремено го зголемуваат излачувањето на природната слуз во организмот, а тоа може дополнително да го влоши кашлањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар