6 уникатни идеи за љубовен состанок за паровите кои сакаат авантури

Има нешто кај летото што во секој од нас буди желба за авантура. За секој пар кој го сака адреналинот постојат многу можности, особено за време на топлите денови. Кога сакате да направите нешто поразлично од вечера и гледање филм, време е малку да се забавувате. Погледнете неколку интересни предлози.

1. Возење на банана

(1)6-unikatni-idei-za-sostanok-za-parovite-koi-sakaat-avantura-kafepauza.mk

Кога сте на одмор сигурно сте ги забележале овие банана бродови. Па зошто да не ги пробате? Само внимавајте да не го изгубите горниот дел од костимот за капење!

2. Камп за возрасни

(2)6-unikatni-idei-za-sostanok-za-parovite-koi-sakaat-avantura-kafepauza.mk

За оние кои се вечно млади, дали можете да помислете подобра забава од скокање на трамбулина или пак, качување по карпи? Или пак да се забавувате цела вечер, а потоа да уживате во прегратка со љубениот покрај оган?

3. Пејнтбол

(3)6-unikatni-idei-za-sostanok-za-parovite-koi-sakaat-avantura-kafepauza.mk

Покажете ја вашата натпреварувачка страна преку оваа активност. Дури и ако сте многу лоши во играта, сигурно ќе ви биде забавно и ќе си поминете прекрасно.

4. Зиплајн и скокање од карпи

(4)6-unikatni-idei-za-sostanok-za-parovite-koi-sakaat-avantura-kafepauza.mk

Ако отсекогаш сте сакале да направите една од овие работи, направете ги ова лето. Искачете се на некој висока карпа и уживајте во моментот.

5. Трка со автомобили

(5)6-unikatni-idei-za-sostanok-za-parovite-koi-sakaat-avantura-kafepauza.mk

Почувствувајте го адреналинот со трка со автомобили, или пак ако сте во можност – со трка со мотори. Само бидете внимателни!

6. Картинг

(6)6-unikatni-idei-za-sostanok-za-parovite-koi-sakaat-avantura-kafepauza.mk

Покажете му на партнерот кој е вистински возач. Можете цел ден да го поминете овде и да завршите со вкусен оброк во омилениот ресторан.

Доколку не сте големи авантуристи, погледнете ги овие романтични идеи за љубовен состанок.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар