6-те тајни за успехот во љубовта и работата

6-те тајни за успехот во љубовта и работата

Тајната на успехот во сите животни полиња не се крие во стремежот да го достигнеме недостижното, туку во начинот на кој ќе се обидеме да го сториме тоа. Во оние моменти кога ќе научиме како да се прифатиме себеси, со сите наши слабости, недостатоци, маани, несигурности, дарби и таленти, тогаш нема да мораме да го бараме успехот, бидејќи тој ќе нè пронајде нам.

6-те тајни на успехот во љубовта и работата

1. Каде што има волја има и начин. Исто како што сите уметниците се навраќаат на истите теми и се обидуваат одново да ги прикажат на еден сосема нов начин, така и ние треба да научиме дека конзистентноста и повторното разгледување на работите можат да ни бидат многу корисни во секојдневниот живот. Во оној момент кога ќе заклучиме дека никогаш не треба да се откажуваме и дека упорноста може да биде извор на оптимизмот и среќата, тогаш успехот ни е гарантиран.

2. Не смееме да дозволиме да ги повторуваме истите грешки. Мораме да бидеме свесни дека треба да слушаме, да учиме и да ги прифаќаме сите совети за да можеме успешно да се трансформираме, да растеме и да се развиваме, како и да имаме еден поразличен пристап кон работите во иднината. Ние не постоиме во вакуум и мораме да се обидеме да најдеме компромис со надворешниот свет и сѐ она што тој го бара од нас.

3. Луѓето на кои се огледуваме и кои ни служат како пример за правилното однесување можат многу да ни помогнат. Тие ќе нè научат што било претходно направено од оние кои веќе ги проживеале моментите со кои се соочуваме и го отвориле патот низ густата шума низ која сакаме да поминеме. Доколку сакаме да успееме и да напредуваме, треба да ги признаеме грешките и да бидеме способни да ги разгледаме и туѓите перспективи.

4. Очигледно не можеме да го повториме тоа што другите веќе го направиле. Мораме да се обидеме сами да го пронајдеме патот и да си дозволиме сами да ја создадеме и примениме нашата слобода. Креативноста во љубовта и работата бара време и ништо не може да се постигне со брзината која ја посакуваме. Понекогаш, разочарувањата и лошите искуства можат да бидат една корисна лекција за иднината.

5. Откако ќе се одморите и ќе ги организирате мислите, вратете ѝ се на задачата која сте ја работеле. Сега, ќе можете поинаку да ѝ пристапите. Задоволството и чувството на исполнетост лежи во потрагата кон успехот, а не во исполнувањето на целта. Кратки се моментите на возбуда и еуфорија кога нашиот труд ќе биде награден, но затоа начинот на кој сме ја оствариле целта ќе остане како едно поучно патување од нашето минато.

6. Запомнете дека луѓето најчесто учат како најдобро да живеат од нивните страдања. Дозволете вашите патења и вашите несигурности да ве информираат и да ви дадат едно разбирање за другите и за животот, општо. Кога ќе научиме да ги прифатиме разочарувањата и недостатоците, тогаш ќе ја пронајдеме и радоста која ја бараме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар