6 совети за купување винтиџ облека и модни додатоци

Купувањето винтиџ облека и модни додатоци е одличен начин да најдете уникатни парчиња и да научите нешто повеќе за историјата на вашите омилени брендови. Но купувањето на оваа облека може да биде навистина збунувачко и тешко за некој што не го правел тоа порано. Погледнете ги следниве неколку совети кои ќе ви го олеснат купувањето на оваа облека.

1. Истражувајте за да ги пронајдете најдобрите продавници

(1)6-soveti-za-kupuvanje-vintidz-obleka-i-dodatoci-koi-kje-sakate-da-gi-nosite-kafepauza.mk

Ако имате пријателка што секогаш носи интересна винтиџ облека, искористете го ова познанство и прашајте ја кои се најдобри продавници за оваа намена. Ако немате ваква пријателка, лесно можете да побарате информации на Интернет. Понекогаш овие продавници имаат облека и модни додатоци од разни декади, а некогаш продаваат работи само од една.

2. Внимавајте на големината

(2)6-soveti-za-kupuvanje-vintidz-obleka-i-dodatoci-koi-kje-sakate-da-gi-nosite-kafepauza.mk

Кога ќе најдете некое одлично парче облека, може да ве искушува да го купите иако и не ви е баш точно. Ако треба да се направат огромни промени за да го носите, подобро е да не го купувате. Од друга страна, доколку се потребни само мали корекции тогаш можеби и вреди да инвестирате во него.

3. Купувајте класична облека

(3)6-soveti-za-kupuvanje-vintidz-obleka-i-dodatoci-koi-kje-sakate-da-gi-nosite-kafepauza.mk

Продавниците за винтиџ облека може да бидат преполни со модели со интересни шари и дезени, но секогаш е најдобро да се држите до класичните парчиња. Барајте модели кои се безвременски и кои се од удобен материјал. Секогаш имајте на ум што навистина сакате, за да не купувате облека која ви е убава во продавницата, но никогаш потоа нема да ја облечете.

4. Одлучете што вреди да се поправи

(4)6-soveti-za-kupuvanje-vintidz-obleka-i-dodatoci-koi-kje-sakate-da-gi-nosite-kafepauza.mk

Кога некое парче облека или некој моден додаток се стари неколку декади, можно е да имаат недостатоци. Доколку ги разгледате подобро (а треба да го правите тоа) може да откриете дека недостига некое копче или нешто слично. Во овој случај размислете дали вреди да го купите производот и потоа да го поправите.

5. Обрнете внимание на стилот

(5)6-soveti-za-kupuvanje-vintidz-obleka-i-dodatoci-koi-kje-sakate-da-gi-nosite-kafepauza.mk

Кога се мислите дали некое парче облека ќе ви стои добро, не заборавајте да размислите со што ќе го комбинирате. Ако облеката ви стои добро веројатно лесно ќе најдете начин да ја комбинирате со други парчиња.

6. Знајте што барате

(6)6-soveti-za-kupuvanje-vintidz-obleka-i-dodatoci-koi-kje-sakate-da-gi-nosite-kafepauza.mk

Ако барате нешто специфично истражувајте за да знаете дали она што го барате е квалитетно и автентично. Ако сакате да избегнете трошење многу пари, истражувајте ги помалку познатите брендови кои ви нудат сличен квалитет. Дознајте од каде потекнува облеката на продавницата за да знаете со сигурност дека го купувате тоа што ви го претставуваат, а не некоја бледа копија.

За авторот
Студент на Машински кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар