6 совети кои ќе ви помогнат да изгледате одлично за непланираните важни настани

6 совети кои ќе ви помогнат да изгледате одлично за непланираните важни настани

Често се случуваат неочекувани работи – спонтан одмор, непланирана венчавка на пријателка, ненадејно запросување… Па како да ја исчистите кожата и да се вратите во форма брзо? Изгледа навистина невозможно. Не грижете се, бидејќи овие совети ќе ви помогнат кога вашето време е ограничено.

1. 2 недели: Ослабете

(1)6-tajni-da-izgledate-odlichno-na-vazhnite-nastani-kafepauza.mk

Многу лесно ќе ослабете некој килограм за 2 недели ако го намалите внесувањето калории до 1.000-1.100 дневно. За да го направите ова во вашата исхрана вклучете овошје, зеленчук, интегрални производи, како и месо и риба со малку маснотии. Поради намаленото внесување на „гориво“, ќе се согоруваат вашите резерви на масти. Не заборавајте да пиете и барем 2 литри вода на ден – ова е најважното правило за оние кои сакаат да ослабат.

2. 1 недела: Затегнете ја половината и подобрете ја состојбата на кожата

(2)6-tajni-da-izgledate-odlichno-na-vazhnite-nastani-kafepauza.mk

Можете да ослабете за 7 дена со 3 вида храна: цитруси, ананас и протеини. Цитрусите содржат многу овошна киселина која ги разложува мастите и ги отстранува од телото. Покрај тоа, овошјата богати со витамини (особено со витамин Ц) ќе го подобрат вашиот имунитет, состојбата на вашата кожа и целокупното здравје.

Ананасот е познат како најдобриот продукт за слабеење, и тоа поради бромелинот – состојка која многу ефикасно ги разложува мастите. Протеините се градежните тули на нашето тело и го снабдуваат со енергија. За најдобри резултати, заборавете на јаглехидратите и мастите во текот на овие 7 дена.

3. 3 дена: Затегнете го стомакот

(3)6-tajni-da-izgledate-odlichno-na-vazhnite-nastani-kafepauza.mk

Постојат неколку опции за отстранување на масните наслаги од абдоменот.

  • Пијте 200 милилитри сок од морков и јаболко (во однос 1:1) 6 пати на ден. Не само што овие производи содржат малку калории, туку тие ќе ви ги дадат потребните витамини, бета каротен и пектин.
  • За појадок и ручек подгответе мешавина од 1 варено јајце, 1 лажица павлака и 1 рендан морков. За вечера испијте зелен чај без шеќер.

4. 2 дена: Исчистете го телото

(4)6-tajni-da-izgledate-odlichno-na-vazhnite-nastani-kafepauza.mk

Ако имате само 2 дена на располагање, триковите за чистење на телото ќе ви бидат од најголема корист. За појадок јадете ананас, а можете да испиете и една чаша свеж сок од цитруси или кафе без шеќер, но со лимон. Во текот на денот заменете ги вашите пијалаци со топла вода со нане и лимон. Ручекот нека содржи цвекло, моркови и зелка. Можете да додадете и неколку сливи. Исто така напијте се една чаша вода и изедете неколку суви кајсии пред спиење.

5. 1 ден: Отстранете го вишокот вода

(5)6-tajni-da-izgledate-odlichno-na-vazhnite-nastani-kafepauza.mk

Кога имате само неколку часа, зеленчукот и житарките ќе ве спасат. Житарките се како „пилинг“ за вашите црева, па 5-6 лажици од нив со јогурт е одличен појадок. Со маслиново масло испржете (или сварете) околу 1,5 килограми замрзнат зеленчук. Поделете го на 5-6 оброци и јадете во исти интервали. Овие совети ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот вода. Ова е најдоброто што можете да го направите за 1 ден бидејќи за отстранувањето масти потребно е повеќе време.

6. Спречете го свиснувањето на градите

(6)6-tajni-da-izgledate-odlichno-na-vazhnite-nastani-kafepauza.mk

  • Затегнете ги мускулите на градите со вежби со тегови, склекови и слично. Кога вежбате не заборавајте да носите соодветен спортски градник.
  • Спијте на грб. Ако спиете на страна, можеби ќе забележите дека горната дојка е посвисната од другата.
  • Престанете со диетите и хранете се здраво. Секогаш кога ја покачувате вашата тежина и кога слабеете, вашите гради може повеќе да свиснат.

Запомнете дека овие совети (освен последниот) не треба да ги применувате подолго од кажаниот временски период. Јадењето премногу кисела храна на празен стомак, како и ниското внесување калории може да биде опасно. Слабеењето е бавен процес, а овие совети се само за итни случаи.

Доколку сакате трајно да ги намалите килограмите, прочитајте ги овие совети од личности кои успеале да се ослободат од вишокот килограми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар