6 совети кои ќе ви помогнат да го смислите најдобриот животен план за личен развој

Без оглед на тоа колкаво е нашето животно искуство и колку сме работеле на тоа да се запознаеме себеси, секогаш има простор за личен развој. Но, секогаш се јавува прашањето од каде да се почне и како да се организира целиот тој процес на личен напредок. Следниве 6 совети за создавање на вашиот план за личен развој ќе ви помогнат да добиете појасна слика за она што сакате да го постигнете и како да го сторите тоа.

6 совети кои ќе ви помогнат да го смислите најдобриот животен план

1. Запишувајте ги вашите идеи

Постојат неколку работи кои веднаш се појавуваат во умот кога размислувате за личниот напредок. Ако ги запишете тие работи, вашите идеи ќе продолжат да течат и ќе можете да ги согледате претходно незабележаните врски помеѓу различните аспекти од вашите особини и способности.

Многу корисно е користењето на ментални мапи. На пример, можете да ставите неколку клучни теми во непосредна близина на централниот дел од листот (како што се „тело“, „интелигенција“, „креативност“ и „емоции“) и потоа да нацртате гранки кои ќе излегуваат од секоја тема.

Потоа, можеби ќе сфатите дека има простор за емоционален развој во областите на позитивно размислување и самодоверба, додека запишувате работи како што се „научи нов инструмент“ и „најди повеќе време за читање“ во полето посветено на креативноста. Овој процес може да ви даде јасна слика за она што е важно и да ви ја прошири перспективата на вашиот начин на живот.

2. Размислете за вашите постоечки таленти

При изработката на вашиот план за личен развој, не треба да се фокусирате само на вашите потешкотии, на работите кои ги игнорирате или на она што го сметате за ваша слабост. Направете листа на сите ваши вештини, а потоа запишете некои работи во кои сте навистина добри. Тоа се таленти кои можат да бидат усовршени и кои ќе ја стимулираат вашата самодоверба, така што ќе можете да ги постигнете сите ваши замислени цели.

3. Бидете точно одредени

Доколку сте запознаени со законот на привлечност, веројатно веќе знаете колку е важно да се биде точно одреден. При поставувањето на какви било цели, паметно е да експериментирате со зборовите додека не ја најдете апсолутно точната верзија на вашата цел. Па, така, ако една од областите на вашиот план за личен напредок вклучува стекнување поголема самодоверба, обидете се тоа да го прецизирате. На пример, можете да одлучите да направите две презентации во следните 6 месеци, да го намалите нивото на социјална анксиозност во поголеми групи и да научите да го цените вашиот физички изглед.

6 совети кои ќе ви помогнат да го смислите најдобриот животен план

4. Не поставувајте премногу цели одеднаш

Личниот развој е доживотен проект, затоа немојте да мислите дека веднаш морате да работите на секоја област. Наместо тоа, одберете неколку цели на кои ќе се фокусирате во наредните неколку месеци или година, во зависност од големината на тие цели.

Замислете си што би се случило доколку одлучите истовремено да почнете со учење нов јазик, да излегувате повеќе, да развивате позитивно размислување, пољубезно да се однесувате кон вашето тело и да го негувате вашиот талент за свирење пијано. Голема е веројатноста дека една или повеќе од тие цели ќе отпаднат или ќе продолжите да работите на нивното остварување, но на многу површен начин. Одвојте ги најважните области за развој кои навистина ќе ви помогнат да живеете живот каков што отсекогаш сте посакувале и усовршувајте ги само нив.

5. Чекор по чекор до успехот

Вистинските резултати од секоја област во вашата програма за личен развој, многу подобро ќе ги воочите доколку имате јасен план за постигнување на целите. Обидете се да изведете неколку чекори кои треба да ги преземете (мини цели на патот кон вашата голема цел) и извршувајте ги систематично.

На пример, доколку сакате да ја зголемите вашата самодоверба, можете да започнете со намерна интеракција со нова личноста секој трет ден, а потоа да продолжите со изразување на вашето мислење на поголеми собири, пред конечно да се одлучите на тежок јавен говор или некој друг вид на јавна изведба.

Сепак некои цели ја немаат таа линеарна структура. За тие видови цели можеби ќе ви биде покорисно да наброите 5-10 активности кои би можеле секојдневно да ги извршувате во служба на вашата цел. Ако сакате да станете попозитивни, можете да водите дневник на благодарноста, да изговарате позитивни афирмации или да биде хумани преку разна волонтерска работа.

6. Редовно размислувајте за себе

Без оглед на тоа каков е вашиот план на личен развој, важно е да го следите вашиот напредок и да размислувате за тоа како се чувствувате. Пишувањето дневник на личен развој може да ви помогне да ги препознаете и совладате пречките и ограничените верувања кои би можеле да ви застанат на патот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар