6 совети кои ќе ви ја вратат љубовта кон вежбањето

6 совети кои ќе ви ја вратат љубовта кон вежбањето

Не можете да разберете како некои луѓе обожаваат да вежбаат. Вие одвај успевате да се одвлечкате од креветот, а не, пак, да поминете цел час во напор и потење. Како ли им успева на другите? Клучот лежи во мотивацијата. Не си ставајте самите себеси етикета на мрзливци, бидејќи вие не сте такви. Овие 6 совети ќе ви ја вратат потребната мотивација и ќе ви помогнат да развиете љубов кон вежбањето…

6 совети кои ќе ви ја вратат љубовта кон вежбањето

1. Променете ги вежбите

Можеби вежбањето ви паѓа тешко, бидејќи постојано ги правите истите вежби и не ги менувате реквизитите. Можеби едноставно треба да го промените спортот што го практикувате. На пример, динамичниот аеробик и гласната музика, заменете ги со посмирените јога или пилатес во придружба на тивка музика за релаксација. Доколку џогирањето ви е премногу напорно, обидете се со пливање. Постојат голем број спортови. Дознајте кои можности ви се нудат во близина на вашето место на живеење и отидете барем на пробен тренинг. Можеби пријатно ќе се изненадите!

2. Психолошки трик: Бидете си тренер самите на себе

Основите на психологијата нѐ учат дека човекот пред сѐ мора да се сака себеси. Бидете си својот најдобар пријател, а во овој случај бидете си самите личен тренер. Физичките вежби или спортувањето во комбинација со здравата исхрана, се главните причини за витката линија и се големи борци против стресот, лошото расположение, како и голем број болести. Доколку немате тренер или ви треба некој кој ќе ве принуди да вежбате, станете вие вашиот тренер. Замислете си што би сакале тренерот да ви каже. Што би ѝ кажале вие на личност како вас, која обожава да „забушава“? Искарајте се и кажете си „Има да вежбаш, без никакви изговори!“.

3. Пуштете си музика, па дури и филм

Благодарение на добрата музика или на некоја друга занимација што сосема малку ќе ви го одвлекува вниманието, ќе добиете поголема мотивација за вежбање. Ставете си слушалки и пуштете си ги омилените песни или пак вклучете ги звучниците доколку вежбате дома. Доколку вежбате на орбитрек, свртете ја справата кон телевизорот и пуштете си некој добар филм или омилената ТВ емисија. Така побрзо ќе ви помине времето и подолго ќе издржите.

6 совети кои ќе ви ја вратат љубовта кон вежбањето

4. Следете го вашиот напредок

Направете табела и на неа бележете кога, што и колку долго сте вежбале. Можете дури и да се наградувате. На пример, доколку успеете да вежбате три пати неделно, викендот ќе се почестите со одење во кино. Ако сакате да ослабите, запишувајте ги и вашите килограми во табелата, што сте јаделе и дали сте пиеле доволно вода.

5. Вежбајте во добро друштво

Сѐ е полесно кога имате добро друштво, а истото важи и за вежбањето. Доколку и вашата пријателка се запише на зумба заедно со вас, ќе можете меѓусебно да се мотивирате, односно да се поттикнувате да одите на вежбање.

6. Натпреварувајте се

Доколку имате можност, учествувајте во некаков натпревар бидејќи тоа ќе ве мотивира повеќе да се трудите, особено ако станува збор за парична награда. Можете дури и да се обложите со пријателите: Кој од вас ќе може да направи најмногу стомачни за месец дена?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар